Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 13:48

АНГЛИСКИОТ ПРВАК СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

И Јувентус почнува да се плаши од Лестер

Лестер ја пренесе својата бајка од Премиер лигата во Лигата на шампионите откако се пласираше во четврт-финалето со победата над Севилја од 2:0.

Клаудио Раниери му остави активен резултат на Лестер (1:2) пред да биде сменет, а работата ја доврши Крег Шекспир, но за најновото невозможно постигнување, како што го нарече капитенот Вес Морган, може да му се заблагодари на голманот Каспер Шмајхел. Како и на првиот меч, Данецот повторно одбрани пенал, со кој на Севилја $ се отвори голема шанса откако неколку минути порано $ беше исклучен Насри.
- Мислам дека претходно немав одбрането пенал три години, а сега два на два меча. Сè е до самодовербата. Излеговме на терен и игравме како минатата сезона, и наградени сме за тоа. Ова беше фантастична вечер, сите играчи беа брилијантни - истакна Шмајхел.
Лестер е во друштво на Барселона, Реал Мадрид, Баерн и на Јувентус, а во Англија се бори за опстанок.
- Не знам дали ќе се повтори ова, но сега успеавме. Покажавме на многу луѓе дека грешат и повторно го направивме невозможното - изјави Морган.
А дека сите почнуваат да го сфаќаат Лестер сериозно, кажуваат и зборовите на легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон. "Старата дама" рутински го помина Порто совладувајќи го со 1:0 во Торино, за вкупни 3:0.
- Би сакал да го избегнеме Лестер во четврт-финалето. Играат со многу ентузијазам, знаат како да им наштетат на најсилните тимови. Против нив можеш сè да загубиш - вели Буфон.

Касиљас го надмина Малдини

Икер Касиљас го надмина Паоло Малдини и стана играч со најмногу настапи во европските фудбалски купови. Седумнаесет години по дебито во Лигата на шампионите, голманот на Порто го забележа 175. настап, со што на вечната листа зад себе ги остави Малдини (174), Чави (173), Кларенс Сидорф (163) и Раул Гонсалес (161).


Текстот е прочитан 845 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter