Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:12

ЈП "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА"

"Водовод" ќе менува 15 километри азбестни цевки

Јавното претпријатие "Водовод и канализација" годинава ќе направи замена на старите азбестно-цементни и поцинкувани цевки во должина од 15 километри.

Новите цевки ќе бидат рамномерно распоредени во сите 10 градски општини.
"ЈП 'Водовод и канализација' - Скопје, во инвестиционата програма на Сектор Водовод, како и во претходните години започнувајќи од 2007 година, секоја година предвидува средства за реконструкција и замена на водоводни цевки (азбест-цементни и поцинкувани) а оваа година тој износ изнесува 150 000 000,00 денари. Предмет на реконструкција на постоечката водоводна мрежа за која издвојуваме средства се: поцинкуваните цевки, азбест-цементните цевки (салонитни), дуктилно лиено-железните цевки на кои имаме зачестени дефекти, односно со еден збор предмет на реконструкција се цевководи со несоодветен профил и материјал", велат од "Водовод".



Од 2007 година, заклучно со 2016 година, "Водовод" изградило 88,4 километри водоводна мрежа од кои 22,1 километар се сменети азбестни цевки, односно околу 25 отсто од новопоставените цевки низ градот.
Од претпријатието велат дека за менување остануваат уште околу 70 километри од старите цевки.
"Ваков вид цевки се вградувале после земјотресот при градење на времени објекти - бараки, како што се во населбите Шуто Оризари, Бутел, Ченто, Маџари, Лисиче, 11 Октомври, Драчево, Козле, Тафталиџе и во Влае", велат од "Водовод".
Новите цевки, од претпријатието велат дека се од квалитетни материјали, отпорни на агресивноста на мрежата и влијанијата на динамичките удари со што ќе се намалат повредите на мрежата, а воедно и загубите на вода.
(М.И.П.)


Текстот е прочитан 951 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter