Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.03.2017, 13:03

НОВО ФИЛМСКО ЗДРУЖЕНИЕ САКА ДА ГО ОРГАНИЗИРА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

Борба за "Браќа Манаки"

Годинава до Агенцијата за филм пристигнале две апликации за организација на Интернационалниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки", во Битола

Едната апликација е на досегашниот организатор, Друштвото на филмските работници, (формирано 1950), а втората е новоформираното Здружение за филмска уметност "Центар за филм - Битола".
Агенцијата испратила допис, на 1.март до двата апликанти со кој бара објаснување за настаната ситуација.
Нов допис од Агенцијата, каде што директорка е Мими Ѓоргоска-Илиевска пристигна и вчера во кој таа ги информира апликантите дека "Центарот за филм-Битола" доставил решение од Државниот завод за индустриска сопственост оти Општина Битола го поседува правото на брендот на ИФФК "Браќа Манаки-Битола". Па затоа сега Агенцијата бара дополнителна документација за основање и организација на фестивалот.
Вчера прес-конференции одржаа и ДФРМ, во Скопје и "Центарот за филм-Битола", во Битола.



ДФРМ: Скандалозен и насилнички чин за преземање на "Манаки"

Пресот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) го држеа актуелниот претседател на Друштвото, Роберт Насков, директорот Благоја Куновски-Доре, поранешните директори Горјан Тозија, Томи Салковски, Лабина Митевска, еден од основоположниците на организираната кинематографија во земјава Драган Салковски и кинематограферот Владимир Самоиловски.
Тие упатија апел до Агенцијата за филм, до Министерството за култура и до претседателот Ѓорге Иванов како покровител, да не дозволуваат политизирање на ситуацијата, и неоснована дебата за тоа кој има право да го организира фестивалот.
ДФРМ потсети оти во нивниот Статут е запишано дека се тие организатори на "Браќа Манаки", чие издание годинава ќе биде 38-мо, и дека по автоматизам еден од членовите е директорот на Агенцијата, што во случајов е Ѓоргоска-Илиевска која тоа многу добро го знае.
Првиот допис од Агенцијата, членовите на ДФРМ велат оти е тажен и срамен, а дека обидот што се прави за преземање на фестивалот е скандалозен насилнички чин за преземање на една голема традиција градена од високи професионалци со интернационална кариера сите изминати години.
"Не може некој паднат од небо, некој минувач во филмската уметност, некој кому не му е филмот основна дејност да има аспирации да води фестивал од високо меѓународно ниво како што е 'Манаки'", рекоа од ДФРМ.
Угледните филмаџии ја повикаа Агенцијата веднаш да го разреши овој според нив неоснован проблем кој, за жал, рекоа непотребно се политизира и додадоа: "Фестивалот секогаш бил над политиката и Владата само треба да му служи на фестивалот зашто во него инвестира буџетски пари од граѓаните, а не да внесува политика". Оттаму потсетија на сите гости и досегашни лауреати кои се во врвот на светската кинематографија што го поткрепија со наслови во врвни меѓународни списанија. (М.За.)

"Центар за филм-Битола":

"Центарот за филм-Битола", чии основачи се битолчаните Димитар Николов-Таки, Владимир Симоновски, Александар Стојановски, Сашо Миленковски и Петар Трајчевски ги соопшти мотивите за организирање на "Манаки".
"Никој досега не го заштитил ексклузивното право за организирање на фестивалот, а не знаеме дали постои основачки акт за Фестивалот. За жал, во сите овие години наназад ДФРМ не се потрудило да го заштитат брендот, логото ниту името на фестивалот. ДФРМ не заштитило ниту еден сегмент со кој може да кажат дека полагаат ексклузивно право за организирање на Фестивалот. За жал, Фестивалот не е регистриран во Централниот регистер како посебен субјект", истакна Димитар Николов-Таки, кој лани беше разрешен од директорска функција на "Манаки", од Советот на ДФРМ како основачи на фестивалот, поради, како што рекоа, лошото издание во неговиот мандат.
Новото Здружение смета дека има капацитет да го организира фестивалот и рекоа дека се отворени за соработка за сите заинтересирани. Потенцираа дека сакаат да имаат увид во трошењето на општинските, државните и на спонзорските пари.



Текстот е прочитан 915 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter