Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 14:26

ИГОР ЏАМБАЗАОВ ПРЕД ВЕЧЕРАШНАТА ПРЕМИЕРА ВО МНТ

Се враќам во театарското детство

"Говорна мана", во режија на Драгана Милошевски - Попова, е новата претстава на Македонскиот народен театар, која вечерва (20 часот) премиерно ќе се изведе на малата сцена.

Претставата е работена според текстот на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.
Главната улога на Мишел Радински ја игра Игор Џамбазов. Приказната се случува во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот од неговата кариера.
"Во текот на процесот, размислувавме дали треба да остане да се вика 'Говорна мана' или да биде говорна и други мани, затоа што се занимава со разни општествени теми, што се сублимирани како и во другите, пред сè, филмови, но и во други текстови на Марковиќ", вели режисерката.
Џамбазов истакнува оти и самиот пораснал со филмовите на Марковиќ, со кого наоѓа и биографски сличности - и двајцата се деца на родители актери, и двајцата израснале во театарот.
"Затоа сè она што го напишал во овој текст е само една брилијантна слика на она што тој го доживувал во своите детски денови во театарот", додава Џамбазов.
Играат и Ивица Димитријевиќ, Сашка Димитровска, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.
Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а музиката е на Горан Трајкоски. Репризата е утревечер.


Фото: Д.Гајиќ


Текстот е прочитан 876 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter