Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.04.2017, 09:58

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да се организираат нови избори, гневот на народот расте

„Многу посилни непријатели не успеале да ја победат волјата на македонскиот народ и да ја скршат неговата љубов кон сопствената татковина. Во тоа нема да успее ниту аболицираниот криминалец Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Со секој изминат ден станува се појасно дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од Тиранска влада која ќе реализира Тирански Платформи.
Народот на 11-ти декември не гласаше ниту за нов закон за јазици со кој што албанскиот ќе стане официјален на цела територија, ниту за двојазични банкноти или двојазични униформи. Народот не гласаше за отварање дебати за менување на химната, грбот и знамето, ниту за осуда на наводниот геноцид врз Албанците.
Народот не гласаше за кантонизација и федерализација, а никој не го праша ниту за промена на уставното име заради брз влез во ЕУ и НАТО.
Сите овие антидржавни и антинационални теми му беа наметнати после избори, измамнички и кукавички, со една единствена цел, Заев и криминогеното раководство на СДС да формираат Влада, иако загубија на изборите.
Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДС се силно уценети. Формирањето влада тие го гледаат како спас од одговорност за криминалот што го направиле. Тие мислат дека на тој начин, со тргување со највисоките државни и национални интереси, би се спасиле од долгогодишните казни затвор што им се закануваат.
Ваквото однесување е срамно и неприфатливо. Не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време. Очигледно е дека криминогеното раководство на СДС не се откажува од реализација на Тиранската Платформа. Затоа мора час поскоро да се организираат избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат околу договорот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Во спротивно гневот и револтот на народот ќе продолжат да раснат.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е прочитан 665 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter