Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 19:38

Груевски: Народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат тиранска платформа, решението е брзи избори

ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да дозволат спроведување на тиранска платформа, преуредување на државата и крајната цел промена на името на сценариото што го спроведува СДСМ со албанските партии, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Актуелниов период го оцени како особено драматичен за државата. Порача народот да биде подготвен на подолгорочен отпор  за справување со сценариото за државата и оти преку демократски дијалог во Парламентот може да се најде решение.

Најдобро можно решение, според Груевски, се брзи избори и како што вели народот се да види, СДСМ да излезе со нивната тиранска платформа која ја прифатија и ние со нашиот концепт на стабилна унитарна и граѓанска Македонија.

– Живееме во прилично тешки и драматични времиња за унитарноста, државноста и за националните интереси и добро е што граѓаните се веќе сензибилизирани до степен што им станува јасно, дури и на оние што гласаа за СДСМ, дека во некои разговори некој продал некои работи и оти тие што го поддржале и гласале за него сега е моментот да застанат да се спротивстават на тоа и тоа го прават. Низ улиците не се само гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, туку се многу гласачи и на СДСМ и на други партии и луѓе кои не гласале, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Струмица.

Упати порака до СДСМ дека, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да дозволат реализација на тиранска платформа, на тоа што тие го договориле само за да дојдат на власт и да спречат нивните криминали да бидат докрај истражени и да се соочат со санкции.

– Ние знаеме дека во нивната одлука за продавање на државните и националните интереси голема улога имаат нивните криминали во минатото за што сакаат да ги запрат истрагите за понатаму. И народот го знае тоа и токму затоа народот е секојдневно на улица, бидејќи чувствува дека некој заради лични интереси и криминали во минатото и заради власт сака да ги прокоцка државните и националните интереси. Затао им порачувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане цврсто како што и досега останувала во одбрана на државните и националните интереси, наведе Груевски, укажувајќи дека е важно што народот застанал во одбрана на тие интереси, бидејќи без него во овој момент тоа неможело да се случи.

Оваа битка, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да заврши за неколку дена. – Затоа народот треба да биде подготвен за подолгорочен отпор наспроти тоа што Заев и неговата банда, кои по секоја цена сакат да дојдат на власт, дури и по цена на насилство во Паралментот, како што се заговара овие денови, особено за наредната недела или по Велигден, да се направи за по секоја цена да дојдат на власт и да ги реализираат нивните замисли и ветувања, изјави Груевски.

Потребно е, порача, граѓаните да бидат будни бидејќи се работи за нивна држава, тоа е наша држава, на сите граѓани.

– Треба само преку разговор, преку демократија, преку демократски дијалог во Парламентот да се изнјадат решенија коишто се добри за граѓаните и дека мнозинството народ ќе ги прифати, смета Груевски.

Живееме во време, според него, во коешто се прават максимални обиди мнозинството од Македонците да заминат во опозиција за да може да се реализира сценарио кое директно ќе се рефлектира на македонската нација  и народ и на македонската држава.

– Затоа треба будно и подготвено. Ова се историски и драматични времиња за Македонија, рече Груевски.

Според него, се потврдиле неговите предупредувања од изминатиот период и се покажало дека СДСМ заедно со неколку албански партии помогнати од надворешни фактори прават се што е во нивна моќ да посегнат по државните и национални интереси на што клучна и завршна цел ќе биде промена на уставното име на Република Македонија и ќе биде загрозен идентитетот на Македонците.

Ова, оцени Груевски, е период во којшто е нападнато и уредувањето во државата, се сака преуредување на државата по други теркови коишто СДСМ ги ветила на оние кои им ја ветија поддршката во тек на изборниот и предизборниот период и кои им ја дадоа таа поддршка. Тие се имаат обврзано, дадени се под кирија, имаат обврски, нив очигледно не ги интересира мислењето на мнозинството народ, особено мислењето на мнозинството граѓани Македонци, рече Груевски.

Сега, додаде, многу повеќе граѓани откоку во тек на кампањата разбраа за што станува збор и народот не случајно се организира.

– Народот сфаќа дека ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не може сама да за бори за задржување на државата и за борба на националните интереси затоа што има само 51 пратеник, односно ги нема потребните над 61 пратеник за да може тоа да го заврши во Парламентот и да не дозволи никому да ја загрози државата, нејзиното уредување, името коешто сакаат да го сменат и тоа да биде по терк на некој друг, а не онака како што би сакале граѓаните да остане или пак на некој начин да се најде решение коешто тие би можеле да го прифатат, потенцира Груевски.


Текстот е прочитан 855 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter