Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.01.2017, 06:20

ДИЛЕМИ: 25 ДЕКЕМВРИ ИЛИ 7 ЈАНУАРИ

Бизнисот се откажа од менувањето на датумот на Божик

Бизнис-заедницата се откажа од иницијативата за промена на празнувањето на Божик на 25 декември по новиот грегоријански календар. По десетина години неуспешен обид да ја убедат Македонската православна црква дека економски е поисплатливо Божик да се слави кога и речиси цел свет, македонските компании најдоа начин да се адаптираат на вакуум периодот кој се јавува меѓу католичкиот и православниот Божик.

"Празнувањето на католичкиот и на православниот Божиќ во различни периоди, е веќе воспоставена традиција. Со оглед на тоа што до ваква ситуација доаѓа секоја година, дел од компаниите веќе имаат испланирано како ќе ги завршат обврските. И во делот на нарачките, стопанствениците се приспособени на западните држави и се трудат сите свои нарачки кои се увезуваат да ги направат на време", велат од Сојузот на стопански комори на Македонија. 
Македонската православна црква објаснува дека Божик секогаш се празнувал на 7 јануари и на овој датум ќе се празнува и понатаму.
"Ставот на МПЦ остана непроменет. Не се согласуваме со промена на стариот со новиот календар бидејќи ќе се соочиме дел од празниците да ги прославуваме по новиот, а дел по стариот календар како што е случај со Грција, Бугарија, Романија. Овие земји Божик и празниците кои се поврзани со него го празнуваат по новиот календар, а Велигден и празниците поврзани со Велигден по стариот, поради што е направен хаос", ни рекоа од МПЦ.
Според МПЦ, вториот момент е ако се менува календарот тоа треба да биде консензус на сите православни цркви, со тоа што би се прифатил некој нов календар за празнување. И на крајот, ако се смени календарот, некои празници ќе ја изгубат националната, историската и културната смисла што ја имаат за нас. На пример, празникот Илинден повеќе нема да се празнува на 2 август", објаснуваат од МПЦ.
До пред две-три години бизнис-заедницата во Македонија беше убедена дека Божик место на 7 јануари, треба да се празнува на 25 декември, кога го празнуваат и поголемиот дел земјите од Европа. Секоја година пред Божик во јавноста се поставува прашањето дали Македонија треба да го прифати новиот грегоријански календар и да ги усогласи празниците со европските држави. Беа поднесени и официјални барања до Владата и до МПЦ за промена на датумот. Образложението на стопанствениците беше дека компаниите коишто се извозно ориентирани трпат огромни загуби бидејќи речиси цел месец работата им е блокирана поради различните датуми на празнување на еден од најголемите христијански празници. (И. С.)

Н. Кој кога слави

Македонија го слави Божик на 7 јануари, односно по стариот јулијански календар. На овој датум Христовото раѓање го прославуваат само уште неколку држави, односно цркви. Меѓу нив се Русија, Србија и дел од Грција поточно Света Гора. Останатите православни цркви, меѓу кои е Бугарската, Романската и Грчката, празнуваат по новиот календар.


Текстот е прочитан 2522 пати.
#
ВМРО-ДПМНЕ: Новите случаи, партиска нарачка и дефокусирање од „Пуч“
АФЕТ за состојбите на Балканот: Се очекува смирување на тензиите во Македонија, но и во другите земји
СЈО отвори две нови истражни постапки „Тарифа“ и „Тенк“
„Стоп Операција Сорос“ ќе побара од САД ревизија за работата на УСАИД Македонија
Милошоски: Предметите што ги отвора Јанева со единствена цел - Заев да ја избегне кривичната одговорност
Македонија ќе работи на намалување на создавањето отпад
Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада
Вајгл предлага ЕУ да преземе нови иницијативи за решавање на сопорот за името со Грција
Хјуман Рајтс Воч одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Светот го виде вистинското лице на Сорос (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter