Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2017, 15:22

Груевски: СДСМ не сака стабилизирање на државата

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвено да дискутира и дебатира со секого кога се во прашање националните и државните интереси, но во сегашната ситуација не зависи се од нас, туку најмногу од СДСМ чија тактика очигледно беше по секоја цена да се направи криза бидејќи веруваа дека тоа e единствениот начин да дојдат на власт, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Јасно е дека СДСМ не сака никакви чекори во правец на стабилизирање на државата, освен нивната зацртана цел по секоја цена да дојдат на власт дури и по цена на државните и националните интереси, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи на катната гаража „Смилевски конгрес“.

Тој посочи дека разбира оти СДСМ има добиено, како што рече, голема фактура која ги притиска и за која имаат скапа кирија.

- Но, неприфатливо е ниту за ВМРО, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена работата на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш досега, секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура и кирија да ја плати народот на сметка на неговите интереси и на државните и националните интереси, потенцира Груевски.

Посочи дека како партија во изминатиот период покажале оти сакаат да се најде решение со дијалог.

- На СДСМ му понудивме доколку се откаже од тиранската платформа дека сме подготвени да им ги отстапиме 51 пратеник што ги имаме, да владеат извесен период кој ќе го договориме, но тоа веднаш го одбија. Потоа понудивме патоказ за излез од кризата, документ кој треба краткорочно и среднорочно да најде излез од кризата и во него се предвидуваше меѓудругото да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Нешто што посебно да ја чини државата или да ги малтретира граѓаните, но и тоа беше одбиено без многу дебата. Понудивме и трета иницијатива, манифестот за единствена Македонија кој пред се е за среднорочна стабилизација и уредување на односите помеѓу политичките партии во правец на иднината на државата и е долгорочен документ. И овој документ беше отфрлен во првите неколку часа, рече Груевски.


Текстот е прочитан 487 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter