Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.02.2017, 15:39

Парада на деколтеа на Модната ноќ на невести во „Мериот“ (Фото)

Венчаниците на дизајнерите беа шик, разголените гради на манекенките предизвикаа шок, гостите се туркаа како на премиера, се сликаа селфи додека траеја ревиите и муабетеа со вино, коктели и со шампањско, на 5. Модна ноќ на невести во хотелот "Мериот", во организација на Моден викенд-Скопје.

ЗА ЦЕЛАТА ГАЛЕРИЈА КЛИКНЕТЕ ТУКА

Сезоната на свадби кај нас официјално почна со стил. Француски господа со срце на лав и со славно име Пежо ги пречекуваа гостите пред "Мериот", внатре сцената беше писта претворена во градина и ветуваше романтична вечер за најважната ноќ на секоја девојка и на нејзините најблиски. Ревијата на венчаници ја отвори ТВ-водителката и новинарка Милена Антовска, во улога на сексапилна невеста, носејќи фустан од француска тантела, од новата колекција на студиото "Зиане".

"Леле, колку е згодна!", коментираа гостите во публиката, изненадени од невестинската појава на Милена.

Убави манекенки од "Подиум" и од "Црнокрак", со соодветни фризура и шминка и со раскошни и суптилни венчаници, видовме до крајот на Модната ноќ на невести. За ревиите на Зиане Бакиу, на ателјето "Влора&Калтрина" и на модната куќа "Менакон" од Косово, на "Елизабет дизајн студио", на "Ал Апарел", на Јасмина Дракул уште долго ќе се зборува во Скопје.

Муабетите: "Колку пари, кој ќе ни свири, во кој ресторан, кои гости, кој ќе ме шминка, што да подарам, каде е невестата, каде е младоженецот, каде е кумот, зошто ме седнавте до овие, а не до оние, каде на меден месец, дали планирате бргу деца?, ме стегаат чевлите, не можам да стојам на нозе... допрва следуваат.

(Л.С.)
Фото: Д. Перковски

Што е тренд?

Теш­ко да се збо­ру­ва за тренд кај вен­чал­ни­те фус­та­ни. Мо­да­та кај вен­ча­ни­ци­те се све­ду­ва на де­та­ли­те и на де­зе­ни­те на тка­е­ни­ни­те, по­бав­но се тран­сфор­ми­ра­ат кроевите и бо­и­те, пос­тои дви­же­ње во од­нос на чис­те­ње на фор­ми­те и со­фис­ти­ци­ра­ност на из­ра­бот­ка­та, сe по­ве­ќе се ба­ра­ат лес­ни ма­те­ри­ја­ли, се­ка­ко, и ква­ли­тет­ни. Удобноста во носењето на венчаницата и должината на венчалниот фустан се, исто така, важни за невестата, а манекенките признаваат дека носењето венчаници на писта е најодговорната и најтешка работа, можни се неочекувани сопнувања.

Од ед­на стра­на има идни невести кои це­ли­от свој жи­вот го со­ну­ва­ат тој ден и до де­та­ли ја има­ат ви­зу­а­ли­зи­ра­но сво­ја­та вен­ча­ни­ца и оние дру­ги­те, прак­тич­ни­те, кои сe ос­та­ва­ат во ра­це­те на ди­зај­не­рот. Некои сакаат модел со корсет, некои со прерамки, некои со отворено или затворено деколте. Тра­ди­ци­о­нал­на­та вен­ча­ни­ца е ед­нос­тав­на, дол­га и обич­но без дла­бо­ко де­кол­те или ви­сок шлиц. Чес­то има мно­гу ма­те­ри­јал. Ед­на од не­кол­ку­те шан­си за не­вес­ти­те да би­дат мал­ку раз­го­ле­ни е да од­бе­рат вен­ча­ни­ца без пре­рам­ки или без ра­ка­ви.Во но­ви­те ко­лек­ции на вен­ча­ни­ци до­ми­ни­ра­ат фус­та­ни без ра­ка­ви, иа­ко мно­гу же­ни не се чувс­тву­ва­ат удоб­но во нив. Не­вес­ти­те тре­ба да имаат пред­вид не­кол­ку фак­то­ри: се­зо­на­та, ло­ка­ци­ја­та и це­лос­ни­от кон­цепт на свад­ба­та пред да од­бе­рат фус­тан без ра­ка­ви.

Парада на деколтеа

Убавите деколтеа на манекенките предизвикаа воодушевување во публиката завчера, на 5. Модна ноќ на невести" во "Мериот". Гостите си дошепнуваа и муабетеа која манекенка има најубави гради. Глетката навистина беше празник за очи. Никако вулгарна, напротив соодветствуваше на линијата на венчаниците.

Порано носењето танга беше мора на професионалните манекенки. Очигледно длабоките деколтеа се помало зло и се во функција на дизајнот.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈАТА КЛИКНЕТЕ ТУКА.


Текстот е прочитан 2860 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter