Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 14:06

МОДЕН ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Моден пат околу светот

Нè заплисна моден бран, отпатувавме на сафари во Африка, ја испочитувавме природата, откривме како би изгледал женскиот Џејмс Бонд во петокот и во саботата, на јубилејниот 15. Моден викенд во Скопје во салонот на "Порше", под мотото "Чиста индивидуалност", во организација на Света Богова - Јовановска.

Светот ни е на дланка, не само со дизајнерите туку и со дотераната публика која, во друштво или со деца, секоја сезона следи, озборува и дознава, пие кафе, вода или вино, и се релаксира од политизираното секојдневие околу нас. Немаше забава под маски, зашто маските одамна паднаа.
Сезоната пролет - лето 2017 во петокот вечер ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ, која беше омаж на петгодишната соработка помеѓу дизајнерката и "Пелистерка", а потоа следеа ревиите на "Сигма" на Емира Имери и на "Алшар". Завчера групна ревија имаа студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, наречена "Шик-шок ефект", "Линеа", за првпат ателје "Коцарева", на Марија Трајанова под брендот "Марсин" и за крај најновата колекција на Ирина Тошева.
Со изложба "Метаморфоза" беа присутни студентите под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од Институтот за дизајн и инженеринг на текстил на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. (Л.С.)


Фото: В. Тануровски


Текстот е прочитан 1978 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter