Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.03.2017, 14:38

ПОСТИРАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ МУ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА

Ограбен дворецот на Џон Тери додека тој се скијал на Алпите

Капитенот на Челзи, Џон Тери е еден од оние спортисти кои сакаат со своите следбеници на социјалните мрежи да споделат детали од приватниот живот, но овојпат тоа му се удри од глава.

Искусниот дефанзивец со семејството имаше мини одмор на егзотична дестинација, скијање на француските Алпи. Семејството уживаше а тој секој детал го закачи на социјалните мрежи испраќајќи им сигнал на крадците дека во неговиот дом нема никој.
Англиските медиуми јавуваат дека домот на Тери во Лондон е ограбен, односно неговата вила вредна пет милиони фунти останала празна. Крадците ја превртеле цела покуќнина и однеле накит вреден неколку десетици илјади фунти.
- Социјалните мрежи станаа каталог за арамиите. Фотографиит од одмор и странство беа јасен знак дека Џон и неговите не се дома. Штетата можеше да биде поголема - изјави за "Сан" близок извор на Тери кој не се поколеба и заедно со сопругата Тони продолжи да објавуваат слики на Инстаграм.
Високите плати на фудбалерите на крадците им гарантираат "заработка" кога ги посетуваат нивните куќи. Напаѓачот на Рома, Един Џеко преживеа драматична ситуација лани откако крадци влегле во неговата куќа во Рим додека спиеле сопругата и двете ќерки. Крадците успеале да украдат само 500 евра и избегале веднаш.
На мета на крадци во Рим се најдоа и Раџа Наинголан, Жереми Менез и Жервињо.


Текстот е прочитан 765 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter