Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 11:33

ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собранието

Фактот што СДСМ и Зоран Заев не ги осудуваат изјавите на Зијадин Села значи дека тие молчешкум ја одобруваат неговата агенда само за да ги добијат неговите три гласа во Собранието, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Зијадин Села, човекот од кого зависи Парламентарно мнозинство на СДСМ и тиранската влада на Заев, на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата. Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај, се вели во соопштението.

Во него се додава дека и покрај овие негови изјави СДСМ и Заев не упатиле осуда, исто, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, како што не ги осудиле изјавите на албанската пратеничка Месила Дода, која јавно се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида или Питер Ванхауте кој заговара редефинирање на Македонија.

- Уценетиот криминалец Зоран Заев ќе остане запамтен во историјата како човек кој од лукративни мотиви ја иницираше дебатата за овие прашања и ги стави на маса највисоките државни и национални интереси. Аболицираниот Зоран Заев водејќи се од жедта за власт и пари ја распродава Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, велат оттаму, ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда доколку СДСМ се откаже од тиранската платформа да му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада или, пак, доколку сепак Заев толку ја почитува платформата од Тирана да излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните.


Текстот е прочитан 439 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter