Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 09:59

НБА ОЛ-СТАР ВИКЕНД ВО ЊУ ОРЛЕАНС

Ѕвездите на шега постигнаа вкупно 374 поени

Трета последователна победа на Западот во Ол-стар мечот, овојпат на домашен паркет. После Њујорк во 2015 (163:158) и Торонто во 2016 (196:173), Вестбрук, Дурент и останатите славеа во Њу Орлеанс со речиси надреален резултат, 192:182, со што повторно е соборен рекордот во НБА.

Очигледно е прашање на време кога некој тим на "мечот на ѕвездите" ќе ја префрли границата од 200 поени.
Крилниот центар на Пеликанс, Ентони Дејвис во својата сала ги собори поединечните рекорди на Ол-стар мечот со 52 поени, па сосема логично му припадна МВП трофејот. Дејвис изјави дека ова признание го зацврстува зад НЦАА-титулата, олимпиското и светското злато, но секогаш ќе го носи во срце.



Вниманието на публиката го привлече атрактивната комбинација на Дурент и Вестбрук во првата четвртина која на социјалните мрежи веднаш се протолкува како знак на помирување после заладените односи кога Дурент од Оклахома премина во Голден Стејт.
Но, двајцата не се ниту блиску до тоа, нивните ормари беа сместени на спротивни краеви во соблекувалната, а заедно на терен поминаа 82 секунди.
Следниот Ол-стар викенд ќе биде одржан на гламурозната сцена во "Стејплс центар" во Лос Анџелес.


Текстот е прочитан 508 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter