Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:25

ТАЈНАТА НА НЕСПИЕЊЕТО НА ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ И НИКОЛА ТЕСЛА Е СОН ВО ФАЗИ

15 минути дремка на секои 4 часа

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Никола тесла и Леонардо да Вини, едни од најголемите умови во историјата на човештвото се познати по тоа дека многу малку спиеле за да моат да имаат повеќе време за работа.

Но, мистеријата е како успевале и покрај краткиот сон да бидат секогаш свежи, одморени и орни за работа. Тајната е во сонот и одморот во фази.

Да Винчи: Сон во фази

Сон во повеќе фази најчесто се врзуваа за едно од најгенијалните имиња во светот на уметноста и пронаоѓачот на ренесансата - Леонардо да Винчи. Му требало многу време да ги развие своите идеи - време кое често го немал. Со оглед дека сакал да искористи максимално време за работа, а минимум за спиење, морал да направи план на спиење за да неговото тело, а особено умот, можеле нормално да функционира.

Тесла: Одмор во дневни фази

По тоа што малку спиел бил познат и Никола Тесла.
Тој план подразбирал да го разбие нормалниот период од ноќниот одмор на неколку делови - односно на повеќе фази, што донело до тоа да спие неколку пати во текот на денот - така што Да Винчи спиел 15 минути на секој четири часа, односно само час и пол дневно. Времето кое го штедел на одморање го користел за креативна работа и тоа со години, а никогаш не почувствувал умор.



Креативноста е најголема после сонот

Познато е дека, физиолошки, најпродуктивно време за работа и креативност го следи периодот на сон. Тоа е времето кога умните и работните капацитети на една личност се на максимум. Кога будната состојба се прекинува на секој четири часа со краток период на сон, доаѓа до зголемување на капацитетот за работа, што е директна последица на опишаниот одмор.

Варијации на фазното спиење

Примерот на Да Винчи го следеле бројни големи умови на светот, кој со години вежбале и експериментирале со спиењето. Денес постојат неколку варијации на повеќе фазно спиење:
-Ноќе 2 часа и еднаш попладне 20 минути - методата на Тесла
-30 минути на секој 6-ти час
-20 минути на секои 4 часа
-Ноќе 1,5 - 3 часа и три пати во текот на денот по 20 минути
-Ноќе 5 часа и 1,5 час попладне - Сиеста метода.

Експертите предупредуваат

Сепак, треба да се има на ум дека сечиј организам е различен, како и дека ист тип или дури различни методи на повеќефазно спиење не се за секој. Експертите предупредуваат дека доколку планирате да преминете на вакво одмор - спиење распоред, не треба да возите автомобил и не носите важни одлуки додека не биде апсолутно сигурни дека недостаток на сон нема некакви негативни ефекти на функционирање на организмот, се разбира, со консултација на медуцинско или друго стручно лице.


Текстот е прочитан 909 пати.
#
Караѓорѓевиќ на сексуално лекување во Буљарица, Туѓман во кревет со маќеата
Филмски локации за светските патници
Нема добар секс со политички противник
Плавшиќ открива пикантерии по излегувањето од затворот во Хаг: Милошевиќ ја газеше Библијата, Караџиќ е најголемиот шкопен петел
Патуваме, уживаме и правиме пари
Пат околу светот за 80 дена со велосипед
Маша го прегази Путин
Од униформа во бикини
Бил гејтс чита, Бафет свири укулеле против стресот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter