Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 10:10

Наташа Малинкова: Се разголувам како Бијонсе и Ријана (Жешко фото)

Секоја нова песна поп-пејачката Наташа Малинкова ја најавува со нова фотосесија. Таа вели дека го научила тоа од светските музички трендови, кои постојано ги следи. Нејзе $ пречи што повеќето провокативни фотосесии од домашните пејачи се озборувани кај нашиот народ и на социјалните мрежи. Според неа, тоа е само тренд што доаѓа од светската музичка индустрија, а ние го следиме. Лани, Малинкова го сними синглот "Само мој", од својот постојан авторски тим Зоран Алексиќ и Столе Аврамов.

Новата песна, која засега е со работен наслов, ќе биде налик на светските аренби хитови и веќе е во подготовка спот за неа, најавува пејачката од Кавадарци, која ја започна својата музичка кариера со групата "Багаж", во 2000 година.
"Мораш да си константен и да $ покажеш нешто ново на публиката. Тоа го прават сите светски ѕвезди, а ние, како помала музичка индустрија, треба да учиме од нив. Секое појавување на сцена, на фотосесија, во медиумите треба да е професионално и издржано. Музиката е мојата професија и секогаш ќе се трудам да бидам професионалец кога ќе работам на сцена. Во последно време правам теми што се помодерни и бараат поурбан и софистициран пристап. Тоа веќе се гледа и по мојата музика и по моите фотосесии. Тоа што некој ќе каже дека сме многу разголени, е само дел од професионализмот. Не им пречи да ги гледаат Бијонсе, Агилера, Ферги, Ријана во такво издание. Зошто да нe озборуваат и да им пречи нашето појавување во такво светло?", ни изјави Малинкова.
Според неа, новото време треба да донесе помодерна музика, а со тоа и нов изглед, кој ќе има доза на сексапил, урбан момент и на софистицираност.
"Сигурно нема да очекувате некоја писателка да ја покаже својата фигура во полупроѕирен фустан или со длабокото деколте, зашто нема никаква поврзаност со нејзината професија. Ние, пејачите, па и манекенките, го можеме тоа, затоа што тоа е дел од нашата работа, и тоа ни прилега. Јас немам предрасуди, ниту, пак ,табуа, а публиката заслужува да слуша и глас и да гледа става. Затоа го правиме тоа, затоа што сме професионалци и работиме за нашите фанови", објаснува пејачката, која е мајка на две ќерки, Султана и Емилија, а нејзиниот сопруг Кире се занимава со приватен бизнис во Кавадарци.

(М.Џ.) Фото: Д. Јанковиќ

Креации: Андреј Горгиевски-Папаз , Викторија Арсовска
Шминка: Фросина Ангеловска-Фран


Текстот е прочитан 4155 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter