Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.06.2015, 12:49

УБАВИ ПРОСТОРИ

Од Исток до Запад

Атрактивна просторна композиција составена од лустери во форма на светлечки кристални рипчиња го разигрува ентериерот на новиот кинески ресторан Пекинг Гарденн што деновиве се отвори во Скопје.

Риби од гипс се употребени и како дел од инсталација покрај еден од ѕидовите, која изгледа како стилизирана морска стена. Тие, според источната филозофија привлекуваат пари и други материјални богатства, објаснува еден од менаџерите на ресторанот, покажувајќи ни го ентериерот на просторот од 365м2 во кој се организирани неколку простории со сепареа, тепанјаки маса за суши, отворена кујна со пултови, ВИП соба, офис за менаџер и атриум.



Духот на Кина од една страна и современиот начин на живот од друга страна влијаеле на формирањето на концептот на ресторанот. Архитектката Александра Радевска која е автор на ентериерот, при проектирањето на просторот потпирајќи се на начелата на контекстуалноста, остварила врска помеѓу старото и новото.
Така, постоечката видлива дрвена покривна конструкција која потсетува на нашата традиционална македонска куќа и мобиларот донесен од Кина ги дополнила со лизгачки врати од хартија, светилки скриени во бамбусови прачки, лустери од хартија во форма на листови, цртежи со вази, асамблажи од прачки и суви листови, ѕидови од чоја, витражи и врамени плодови од кокос.



Миксот на различните култури и од Исток и од Запад најмногу паѓа во очи во атриумот, каде едно до друго стојат мотивот на јапонска цреша и модерните гарнитури за седење, создавајќи ефект на вистинска кинеска градина во која енергијата на водата, дрвото, металот и земјата создаваат совршена хармонија.

(Н.Н.)
Фото:Д. Перковски


Текстот е прочитан 4472 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter