Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 11:19

Хојт Ји: Македонија мора што побргу да формира влада

Заменик помошник на американскиот државен секретар Брајан Хојт Ји во Загреб изјавил дека очекува од политичките лидери во Македонија, вклучително и од претседателот, да направат се што е неопходно наскоро да се формира влада без натамошно одлагање, на начин кој е во согласност со уставот на земјата, пренесува хрватската новинска агенција ХИНА.

- Мнозинството во македонскиот Парламент изразија волја да формираат влада. Се надеваме дека македонскиот претседател на мнозинството членови на Парламентот ќе им овозможи што побргу да формираат влада. На државата и треба влада која мора да ги продолжи реформите, кажал Хојт Ји и додал дека со изборот на влада и со продолжување на реформите ќе се реши и спорот со Грција за името, а тогаш Македонија ќе може да пристапи и во НАТО.

Како што пренесува ХИНА, Хојт Ји рекол дека на Македонија и претстои многу работа, но дека прво мора да формира Влада, а ЕУ и САД соработуваат блиску за тоа да се случи.

Според него, состојбата во Македонија не е изненадувачка. - Сведоци сме на промени, има страни кои сакаат да останат на власт и оние кои сакаат да дојдат на власт, во некои случаи и првпат. Природно и нормално е политичката напнатост да биде многу висока, реториката е многу силна, можеби не е прифатлива, но ние веруваме дека луѓето во Македонија сакаат да влезат во НАТО и во ЕУ. За да се случи тоа, мора да дојде до политички консензус, компромис кој ќе овозможи формирање стабилна влада, истакнал Хојт.

Потсетил дека Босна и Херцеговина и Македонија не се етнички хомогени држави така што, во насока на исполнување на стандардите на НАТО и ЕУ, мора да пронајдат модел на почитување и заштита на правата на малцинствата.

- Мора да пронајдат начин како да ги интегрираат луѓето кои се разликуваат по етницитетот и верата, за да се чувствуваат безбедни. Ако државите не се успешни во тоа, општествата ќе бидат поделени, нестабилни и нема да им бидат од интерес ниту на сопствените луѓе, а камоли на странските инвеститори. Тоа е клучно ако сакаат да бидат економски успешни, порачал Хојт.

Политичките партии, смета Хојт, мора да ги остават настрана своите теснополитички интереси, личните интереси и благосостојбата на граѓаните да ја стават на прво место и не би смееле круто да се држат до својата агенда и во одбивањето компромиси.

Осврнувајќи се на обвинувањата од Русија дека САД и ЕУ се обидуваат на југоистокот на Европа да создадат „голема Албанија“, Хојт Ји, рекол дека се работи за пропаганда која ја шират „злобни извори“ кои работат против она што сакаат да го постигнат Унијата и САД, затоа што, рекол, сакаат слаба Европа која е енергетски зависна од Русија и настојуваат да ги попречат евроинтеграциите.

За американската политика кон овој дел од Европа, без оглед на промените во Белата куќа, Хојт Ји тврди дека е доследна и се темели на американските интереси.

- Не гледам никакви обиди за тоа да се промени. Остануваме приврзани на НАТО и на европската безбедност, заклучил Хојт Ји во Загреб.


Текстот е прочитан 1503 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter