Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 14:05

Здравје и убавина

Зошто треба да научите да скијате

Со скијањето е исто како и со музиката. Или е добро или е лошо. Постојат и два вида скијачи, добри и лоши.

Добриот скијач, добро ќе скија на секаков снег, па дури и на лош. Знаењето на доброто скијање се состои во едноставната вистина, дека цело знаење треба да се смести во нозете, а не во главата. Тоа многумина не го разбираат, па затоа и се разочаруваат кога прв пат ќе застанат на скии. Имајте на ум: скијањето е радост.
Тврдењето дека скијањето е или добро или лошо, секако не значи, дека и на оној што лошо скија не му причинува радост. Сепак, не може да се спореди со радоста што ја носи доброто скијање.
Запаметете дека: совладувањето на модните каприци не значи и добро скијање, правилна е секоја техника со која добро се скија, познавање на повеќе различни начини на вртење ќе ви го олесни скијањето на секаков терен.

Убавина на скијањето

Не се изненадувајте, ама додека скијате, треба да чувствувате убавина, леснотија, опуштеност и радост. Усовршувањето и вежбањето на техниките не е само по себе цел, туку пат до целта. Додека скијате и додека со скиите го допирате снегот, тоа треба да биде лесно и нежно.



Треба да имате чувство дека се спуштате без тежина. Можете да се возите на која страна сакате, да ги менувате брзините, да кочите со рабовите на скиите или да ја зголемите брзината со силен одраз. 

На врв од 3 илјади метри

Замислете дека се наоѓате на планински врв со 3 илјади метри надморска височина. Пред да започнете да се спуштате, треба да го проверите снегот и да одредите колкава сила да активирате во нозете, за да може послушно да ги фаќаат лаковите. Планината и снегот треба да ги сакате, кога одите некаде на скијање. Најголемата уметност на добриот скијач е насетување на теренот и чувството на лизгање на скиите.
Додека се спуштате по теренот, притисокот врз скиите треба да биде доволно силен, но не и груб за да може лесно да ги фаќате свијоците.
Колку побрзо скијате толку полесно ќе се вртите лево-десно со скиите. Но, секако не треба да претерувате со брзината, адаптирајте ја според вашите можности и знаење.
Кој ќе се реши за скијање на планина од три илјади метри надморска висина, треба да се потпирана своето знаење, а не на среќа. За оние кои се почетници или помалку вешти скијачи, секако дека скијањето може да им биде уживање и на доста благи терени.


Текстот е прочитан 5434 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter