Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 16:27

ВМРО-ДПМНЕ: Програмата на Заев е политички памфлет и изборна измама

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како политички памфлет презентираната програма што би ја имала идната влада, а што ја презентираше на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев и го повтори предлогот или да ја отфрлат албанската платформа и да прифатат поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада или да се оди на нови предвремени избори.

- Денес аболицираниот криминалец Заев еден час се трудеше преку читање партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го направи само со една минута - да се откаже јасно и гласно од платформата во Тирана. Истиот овој Зоран Заев кој во Швајцарија зборуваше за кантонизација на Македонија денес во седиштето се заплетка во обидот политичкиот став и одлуки да ги сокрие зад идните дебати на експертите од повеќе страни и политички партии, рече на денешната прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој побара од Заев да не ја потценува интелегенцијата на македонските граѓани и доколку сака да ги убеди дека води политика која е корисна за Македонија тоа да го докаже со јасно отфрлање на платформата од Тирана, која е, подвлече, платформа на туѓа држава и нема место во унитарна Македонија.

- Заев уште еднаш потврди дека не го почитува мислењето на граѓаните и дека е уценет и со измама на штета на државните и национални интереси сака да се дограби до власта. Изборна измама значи кога на изборите ќе победите со една програма, а по изборите ќе прифатите уцена за да дојдете на власт и ќе спроведувате друга програма од која што не сакате да се откажете. Затоа Заев денеска не собра храброст да ја отфрли јасно платформата од Тирана и сите елементи што се содржани во неа, рече Милошоски.

На новинарско прашање каде гледа излез од кризата одговори дека решението е СДСМ да ја прифатат поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да станат малцинска влада, но само доколку не прифатат платформа од друга држава.

- Кога се во прашање државните интерени, тие се најважни. со цел да ги заштитиме интересите на македонскиот народ би прифатиле да гласаме за малцинска влада, рече Милошки.


Текстот е прочитан 2617 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter