Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2017, 13:23

СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ЈА ИЗГУБИ ТИТУЛАТА УШТЕ ВО 2. КОЛО НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

Ѓоковиќ првпат изгуби од играч надвор од топ-100

Отвореното првенство на Австралија ја виде една од најголемите сензации во својата историја, откако шесткратниот шампион и актуелен бранител на титулата Новак Ѓоковиќ беше елиминиран уште во второто коло, и тоа од играч кој се наоѓа на 117. место на АТП-листата.

Тенискиот свет го разбранува Узбекистанецот Денис Истомин, кој во речиси петчасовен маратон го совлада светскиот рекет број два со 7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4. Ова е најраната елиминација на Ѓоковиќ од еден гренд слем турнир од 2008 година и прв пораз во кариерата од играч кој не се наоѓа меѓу најдобрите 100.
- Денис играше извонредно и заслужено победи. Ова е еден од оние денови кога не ви оди најдобро, а противникот игра одлично, но тоа е спорт. Не сум навикнат да губам вака рано овдека и затоа ми е многу тешко - призна Ѓоковиќ.
За овој пораз, тој ќе изгуби 1.955 поени на АТП-листата, со што ќе му овозможи на Енди Мареј уште повеќе да се зацврсти на првото место.



- Жал ми е за Новак, но играв навистина добро. И самиот сум изненаден од себеси - призна 30-годишниот Истомин, кој само третпат во кариерата успеа да стигне до третото коло во Мелбурн.
РЕЗУЛТАТИ, 2. КОЛО
МАЖИ: Истомин-Ѓоковиќ (2) 7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4, Раониќ (3)-Милер 6:3, 6:4, 7:6, Монфис (6)-Долгополов 6:3, 6:4, 1:6, 6:0, Гофан (11)-Штепанек 6:4, 6:0, 6:3, Баутиста Агут (13)-Нишиока 6:2, 6:3, 6:3, Димитров (15)-Чунг 1:6, 6:4, 6:4, 6:4, Карловиќ (20-Витингтон 6:4, 6:4, 6:4...
ЖЕНИ: С. Вилијамс (2)-Сафарова 6:3, 6:4, Лучиќ-Радвањска (3) 6:3, 6:2, Плискова (5)-Блинкова 6:0, 6:2, Цибулкова (6)-Хсие 6:4, 7:6, Конта (9)-Осака 6:4, 6:2, Бачински (12)-Ковиниќ 6:1, 7:5, Веснина (14)-Минела 6:3, 6:3, Вознијацки (17)-Векиќ 6:1, 6:3...


Текстот е прочитан 752 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter