Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:16

ПОЧНА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ГРАНТ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

4 000 евра за невработени што ќе почнат бизнис

Почна аплицирањето на невработените лица за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис, во висина од 4 000 евра.

Пријавувањето ќе трае во наредните девет дена. Со оперативниот план за 2017 година со програмата за самовработување ќе бидат опфатени 1 050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1 000 новоотворени микрокомпании, за што се предвидени вкупно 283 милиони денари.
Програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис-план и регистрирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на почнување на бизнисот.
"Оваа програма има цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси, кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи туку и за други лица што ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси. Програмата поттикнува и создавање рамномерна дистрибуција на економските субјекти во земјава", истакна на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, истакна дека годинава грантот изнесува 4 000 евра, што, како што нагласи, е зголемување за илјада евра во однос на изминатите години.


Текстот е прочитан 1415 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter