Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.03.2017, 13:49

ВО ИЗБОРОТ НА ФОНДАЦИЈАТА "МАКЕДОНИКА"

"Крвава месечина" на Шошко е книга на месецот

Романот "Крвава месечина" на Катерина Шошко е избран за книга на месецот на македоника.мк.

Фондацијата "Македоника" е формирана во соработка и со финансиска поддршка од Меѓународниот фонд за промоција на културата на УНЕСКО.
"Крвава месечина" е прв роман на Шошко, кој на крајот од минатата година го објави "Слово Љубве-Буквибукс".
"'Крвава месечина' ги спојува не толку популарните жанрови кај нас, крими-романот и психолошкиот трилер, но така што тие не се наметнуваат како негова главна карактеристика, туку, можеби, се јавуваат како потпрашање или контекст во приказната за Луна и за нејзината одмазда. Меѓутоа, во многуте други приказни што ќе се следат во 'Крвава месечина', во испреплетените и понекогаш романтичарски извонредни соодноси на ликовите, ќе стапнеме малку во политичките перипетии, ќе ги видиме заразноста на семејната драма, намамувачките игри на романтичната драма, средношколската драма и комплексноста на семејното насилство", објаснува издавачот.
Фондацијата "Македоника" го стартуваше проектот "Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија". Конкурсот трае до 31 март, а издавачката комисија на проектот ќе ги избере четириесетте најдобри, кои ќе бидат наградени со авторски хонорар. Најдоброто дело ќе добие специјална награда во вредност од 1 000 долари.


Текстот е прочитан 910 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter