Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 15:59

НАДМИНУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ДИСБАЛАНС

Жените успешни бизнисменки во занаетчиството

Никој нема пречка за да стане претприемач, подеднакво сите невработени и мажите и жените можат да аплицираат и да ги користат грантовите од државата од 4.000 евра за самовработување и да отворат сопствен бизнис. Ова беше посочено по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Центарот за вработување на град Скопје и 11 здруженија од граѓанскиот сектор чија таргет група се жените. Примарна задача на меморандумот е да се постигне економско јакнење на жените од сите возрасти и сите целни групи и нивно поголемо вклучување на пазарот на трудот, посветувајќи особено внимание на ранливите категории и на лицата со посебни потреби.

Слободанка Алексовска, директорката на Центарот за вработување на град Скопје, вели дека целта на меморандумот е да се преземат мерки за зголемено учество на жените во сите активни мерки за да се надмине родовиот дисбаланс на пазарот на трудот и да се охрабрат жените да ја отпочнат својата успешна бизнис-приказна. Ќе бидат организирани заеднички обуки, трибини, едукативни средби и советувања за да се подигне свеста на жената за нејзино вклучување на пазарот на трудот и во сите програми за вработување.
Таа посочи дека во изминатите 10 години целосно се смени сликата и улогата на жената и $ се даде шанса да биде дел од различни управувачки функции во општеството и во приватните компании.
"Кај жените е зголемен претприемачкиот дух и сe повеќе отвораат сопствени бизниси. Досега само со поддршка на стимулативна мерка на Владата во периодот од 2007 до 2016 година над 3.100 жени отвориле сопствен бизнис. Во 11. оперативен план за активни мерки и услови за вработување се предвидува да се опфатат над 41.000 лица кои ќе отворат нови 10.000 работни места. Во него жените ќе имаат учество од минимум 30 проценти", рече Алексовска.
Во сите досегашни мерки што се реализирале од 2007 година учеството на жените е над 45 проценти.
Анета Атанасовска од Занаетчиската комора на град Скопје, пак, нагласи дека голем број успешни бизниси во занаетчиството се управувани од жени.


Текстот е прочитан 567 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter