Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:38

ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Влатко Стефановски ќе свири со оркестарот на словенечката војска

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски ќе одржи концерт со "Биг бенд" оркестарот на словенечката војска во Скопје, на 19 април, во "Метрополис" арената од 20 часот.

"Специјално за скопскиот концерт, Влатко со 'Биг бендот' подготвуваат репертоар составен од некои од неговите најпознати композиции, но и познати фанк, џез и соул стандарди", велат од "Баги комуникации", организаторите на концертот.
"Сигурен сум дека ќе бидете импресионирани од мојата нова музичка авантура и богатиот звук на извонредниот 'Биг бенд'. Не се во прашање чекорници и парадна музика, туку сериозни аранжмани за џез стандарди, инспирирани, се разбира, од традиционалната музика", изјави Влатко Стефановски.



Пред две години диригентот на "Биг бендот" на словенечката војска, Рудолф Гас го повикал Влатко Стефановски да биде гостин на нивниот концерт на Конгресниот плоштад во Љубљана. Стефановски признава дека на почетокот бил по малку скептичен, не знаејќи што тој оркестар свири, но по првата заедничка проба останал фасциниран од звукот и професионализмот на оркестарот. Нивниот одличен концерт во Љубљана е забележан на цеде и на дивиди, во издание на "ЗКП Љубљана". На него се песните "Џипси сонг", "Јовано, Јованке, "Стратус".
"Тоа не е класичен воен оркестар, се работи за 'Биг бенд' кој звучи како секој голем џез 'Биг бенд'. Сите членови се извонредни инструменталисти и главно џез музичари. А нивната појава е навистина атрактивна, бидејќи настапуваат во парадни униформи. Во оркестарот има и жени, кои ги пеат придружните вокали", објаснува Влатко Стефановски. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 589 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter