Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 14:03

ТЕНИС - ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА

Федерер изненаден што стигнал до полуфиналето

Роже Федерер призна дека е изненаден што стигнал олку далеку на првиот гренд слем турнир во сезоната, откако се пласираше во своето 13. полуфинале на Отвореното првенство на Австралија.

Искусниот Швајцарец, кој го пропушти вториот дел од ланската сезона, по што падна на 17. место на АТП-листата, го совлада Миша Зверев со 6:1, 7:5, 6:2, со што ќе игра во своето 41. гренд слем полуфинале.
- Многу сум среќен што одиграв вака добар меч, особено ако се знае дека Миша претходно ги елиминираше Изнер и Мареј. Мислев дека ќе поминам неколку кола, сакав до четвртото коло или барем до четврт-финалето, но не го очекував ова - призна Федерер.
На тој начин, во полуфиналето ќе има швајцарски дуел, бидејќи следен противник на Федерер е неговиот сонародник и пријател Станислас Вавринка. Тој беше подобар од 12. носител Жо-Вилфрид Цонга со 7:6, 6:4, 6:3.



Истовремено, кај жените ќе има американско полуфинале, Венус Вилијамс-Коко Вандевеј, во очекување таму да им се придружи и Серена Вилијамс. Триесет и шестгодишната Венус ја совлада Анастасија Пављученкова со 6:4, 7:6 за да се пласира во своето прво полуфинале во Мелбурн од 2003 година. Наспроти неа ќе биде десет години помладата неносителка Вандевеј, која го оствари најголемиот успех во кариерата со убедливата победа над Гарбиње Мугуруса со 6:4, 6:0.


Текстот е прочитан 1248 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter