Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.02.2017, 21:02

Членови на ВМРО-ДПМНЕ и симпатизери масовно излегуваат на улица: Нападната ни е татковината (Фото)

Откако централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги повика општинските комитети да одржат итни состаноци, пред голем број општински штабови на ВМРО-ДПМНЕ низ земјава се собираат членови и симпатизери, а на некои места имало и блокади на сообраќајот.

– Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во центарот на Велес се одржа мирен граѓански протест против, како што велат, договорот на Зоран Заев со ДУИ за воведување двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Од македонското патриотско здружение Андон Лазов Ќосето, кои се организатори, посочуваат дека ова е мирен протест против договорот на Зоран Заев со ДУИ за воведување на двојазичност во земјата.

Се собравме да изразиме револт против договорот кој го постигна Зоран Заев со ДУИ за воведување на двојазична употреба на целата територија на Република Македонија, а што ќе значи и разнебитување на државата, потенцираат од македонското патриотско здружение.

Тие најавија мирни протести и во наредните денови.

Пред седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид вечерва се собраа членови и симпатизери да го изразат својот револт, од како што велат, непринципиелната политика на СДСМ и опасноста од редефинирање на државата.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид Љубен Арнаудов, рече дека нема да дозволат двојазичност, разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и партиите на Албанците.

- Ние тука го креваме гласот и кажуваме дека постоиме, враќање нема ние ќе застанеме на браникот на татковината. Упатуваме апел до сите граѓани да се освестат бидејќи се работи за постоењето на Македонија, изјави Арнаудов.



Текстот е прочитан 3264 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter