Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 12:48

Кукан: Платформата на Рама за албанските партии во Македонија е целосно неприфатлива за ЕУ

Искусниот европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, испрати силна осуда за т.н. албанска платформа на партиите што ги претставуваат албанските гласачи во македонското Собрание, а која зспоред него ја подготвил премиерот на соседна држава на Република Македонија, Еди Рама.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Кукан, кој е прв човек на Европската народна партија (ЕПП) во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), порача дека таквата платформа е целосно неприфатлива како за него, така и за Европската унија.
- Албанија отсекогаш имала добри резултати во однос на регионалната соработка и тоа се цени, но, ќе застанам сега тука. Активностите на албанскиот премиер по изборите во Македонија, за мене се целосно неприфатливи, целосно неприфатливи! Да се поканат албанските политички партии од Македонија и да се дискутира нивна платформа и што треба да прават кога ќе се вратат во нивната земја, мислам е навистина премногу. Изненаден сум што тоа никој не го споменува јавно, но знам дека тоа предизвика многу критики, многу критики. Тоа не е начинот на кој се прават работите, дециден е искусниот словачки европратеник Едвард Кукан.
Во исто време, Европската комисија и Советот на Европската унија, на состаноците на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, се уште молчат за т.н. албанска платформа во Македонија, поради која и после изборите, земјата не може да добие Влада и да излезе од политичката криза, со оглед на тоа што платформата е услов за создавање на ново македонско државно раководство.


Текстот е прочитан 7911 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter