Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.01.2017, 14:28

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини на електрична енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има натфрлено за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата.
Како што посочи деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.
АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до  зголемување на конзумот, односно потребите на тарифните потрошувачи ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите.
- Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби ќе одговараме, рече директорот на АД ЕЛЕМ.



Одговарајќи на прашање Мицкоски рече дека денеска точно во 00 часот прв пат годинава АД ЕЛЕМ увезла електрична енергија за да обезбеди доверливост и стабилност на системот поради зголемениот конзум. Причина за увозот, како што рече, било излегувањето на Блокот 3 од РЕК Битола од системот утрото помеѓу Бадник и Божик во 3:45 часот. Блокот 3, како што нагласи, излегол од системот поради напукнување на цевка во котелската постројка, а ЕЛЕМ успеала да ги реоптимира останатите производствени капацитети за тарифните потрошувачи навремено да ги добијат сите неопходни количини на енергија во текот на вчерашниот ден.
- Спроведовме постапка за набавка на електрична енергија за денешниот ден, која е нормална за ваков период од годината и во ваква ситуација и во текот на вчерашниот ден пристигнаа понуди од петте компании, трговци, со кои ЕЛЕМ има склучено договор за купо-продажба. Ги добивме неопходните количини и увозот ќе трае само во текот на денешниот ден, заклучно со 8 часот утре изутрина кога очекуваме Блок 3 да биде синхронизиран на мрежата, потенцира Мицкоски и додаде дека во моментов се работи на отстранување на дефектот, а се очекува до полноќ да помине и хидропробата, по што ќе следи синхронизацијата.
Прецизира дека добавувач на најголем дел од неопходните количини електрична енергија од вчерашниот увоз е ЕЛЕМ Трејд, компанија која е сопственост на Електрани на Македонија, а струја е набавена уште од две компании.
- Цената што ја понуди ЕЛЕМ Трејд е извонредно поволна и е за 35 проценти пониска од цената што ја нуди регионалната берза Купекс и е приближна на производната цена што ја има АД ЕЛЕМ од термопостројките. Увезени се 175 мегавати во банд профил. Увезената струја ќе се продаде по регулираната цена од 41 евро за мегават час. Загубата ќе ја покриеме во периодите од годината кога ќе продаваме по цена повисока од регулираната и доколу влезот го покрие излезот нема да има импликации врз крајната цена на електричната енергија за тарифните потрошувачи, рече Мицкоски.
Од 1 јануари годинава, согласно новите измени во правилата, АД ЕЛЕМ е компанија која е обврзана да ги обезбедува неопходните количини на електрична енергија на пазарот на електрична енергија за тарифните потрошувачи. Тоа во минатото го правеше ЕВН Македонија.


Текстот е прочитан 439 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter