Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 06:41

ОСНОВНИОТ СУД ВО ВЕЛЕС ОДЛУЧИ

Седум години затвор за шверц на 89 кг марихуана

Седум години затвор доби Амед Сафет (39) од Скопје, откако беше фатен со 88,8 кг марихуана. Тој го призна делото по што во Основниот суд Велес му беше изречена затворска казна за кривичното дело пуштање во промет на наркотична дрога, а автомобилот "фолксваген венто" со кој ја превезувал марихуаната е одземен. Марихуаната ја носел во две црни торби и три јутени вреќи. Обвинетиот Сафет, кој имал и друг идентитет, Насер Синани и Насер Јахии, изрази жалење за стореното.

"Невработен сум, имам три деца, болна мајка и ми требаа пари", рече Амед пред судот. Тој ова го сторил за паричен надомест од три илјади евра, а марихуаната ја презел од непознати лица од Косово. Требало да ја пренесе до ГП Богородица, на македонско-грчката граница. Сафет бил откриен на 6 септември минатата година околу 19:50 часот на локалниот пат Велес- Башино Село, на околу 100 м пред бензинската станица. При извршениот претрес на возилото, на задното седиште во двата куфери биле пронајдени 84 најлонски пакувања, а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 или вкупно 178 поголеми пакувања со марихуана. Вкупната вредност на откриената марихуана на македонскиот пазар на големо е околу 100 илјади евра. Обвинетиот Сафет, кога е фатен на дело како пренесува дрога, бил на условен отпуст од Швајцарија каде отслужувал затворска казна за исто такво дело. (П.П.)



Текстот е прочитан 858 пати.
#
Нека ми го вратат детето тие што ги штитат кучињата скитници
Куче искаса четиригодишно дете
Газда и вработен со ножици расчистувале долгови
Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турскиот амбасадор во Македонија
Претепани тројца скопјани
Инцидент во Куманово по протестниот марш
"ДИВО НАСЕЉЕ": Обвинет не го признава Обвинителството
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
На 20-годишник од гостиварско Ѓурѓевиште под кревет полицијата му пронашла три пиштоли
Царината откри измами и заплени девизи, фалсификати ...

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter