Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 12:51

АНАЛИТИЧАРИТЕ ЗГРЕШИЈА - ЌЕРКАТА НА ДОНАЛД ТРАМП НЕ СТАНА НАЈМОЌНАТА ЖЕНА ВО САД

Келиен и го зема приматот на Иванка

САД - Важната тема во американското општество - како да се зголеми бројот на црни студенти на универзитетите - добила медиумски простор благодарение на една необична фотографија, односно од жената која влече многу конци во Белата куќа.

Додека Овалната соба била полна со академици кои со претседателот на САД пристигнале да разговараат како да се зголеми бројот на афро-американски студени, советничката на претседателот, Келиен Конвеј во необично лежерна поза седела на каучот. Иако најпрво предизвикала критики од јавноста, доколку не била објавена таа фотографија би било занемарено дека Доналд Трамп има слух за една многу важна тема - образованието на црната популација.

Директорката

Иако е кратко во Белата куќа, Келиен Конвеј е добро позната во американската јавност како директорка на кампањата на Трамп, а сега и како советничка на претседателот. Нејзиниот цврст и доминантен карактер им е добро познат на оние со кои работи, пишува Дејли меил.
Оваа 50-годишна жена е мајка на 4 деца и моментално е најмоќна жена во САД, пишува Дејли меил.
Веќе со децении работи како советничка на републиканците како да придобијат женски гласови.



Девојчето со боровинките

Родена е во 1967. година како Келиен Фицпатрик во работничко семејство во Њу Џерси. Нејзиниот татко бил возач на камион, а родителите и се развеле кога имала само 2 години. Пораснала во семејство на потомци на италијански доселеници.
"Во семејството никогаш не сме воделе политички разговори, колку што се сеќавам", рекла таа. Но, еднаш во средно училиште слушала говор на Роналд Реган, кој ја инспирирал.
Една од првите работи кои ги работела била берење на боровинки на фарма во Хамонтон. Нејзиниот поранешен шеф се сеќава дека била многу брза и дека луѓе доаѓале да ја гледаат како работи.

Пораснав да бидам силна жена

Додека студирала на Оксфорд, одлучила да започне кариера во политиката. Основала сопствена компанија за вршење на анкети и политичко советување. Бидејќи влегувала во машкиот свет, вели дека конкуренција и биле постари мажи, на позиција на моќ.
"Пораснав да бидам силна жена без да спомене зборот феминист", рекла таа во една прилика.

Сопруга на адвокат и мајка на четири деца

Последните 16 години е мажена со Џорџ Конвеј Трети, њујоршки адвокат со кој има 4 деца.
Кампањата на Трамп ја преземала во август минатата година, кога почнал да паѓа на анкетите, и го убедила да го ублажи својот пристап. Сегашниот претседател го запознала во 2001 година, кога со сопругот се доселила во "Трамп тауер".

"Лажливката на Трамп"

Критичарите ја нарекле "лажливката на Трамп", што кулминирало со нејзината изјава за "алтернативни факти", кога се обидела да долови друга перспектива за бројот на присутните на инаугурацијата на Трамп.
"Нема нешто со што таа не може да се соочи. Кога моите советници се плашат да одат на некоја телевизија, ја прашувам дали сака таа да оди. Секогаш оди, и секогаш ги уништува", рекол Трамп во една прилика.
Многумина велат дека таа е многу пријатна и драга личност.


Текстот е прочитан 829 пати.
#
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?
На 70 години истрча 7 маратони, на 7 континенти, за 7 дена
Нетанијаху: Не е точно дека сопругата ме избрка од службената кола
Турција протера 40 холандски крави
Германија: 50 милиони евра казна за социјалната мрежа која нема да отстрани клевета или закана
И екcлодирале слушалките во авион
Наместо дома, на кашичка и сокче во "Фреш бејби енд фемили"
Замрзна куќа на брегот на езерото Онтарио

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter