Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:18

НОВА ПРЕПИСКА ЗА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ВО ВАШИНГТОН И МОСКВА: ИМА ЛИ РУСИЈА ПРИВАТНИ КОМПРОМИТИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Секс-досие за Трамп или лов на вештерки

Доверливи документи што минатата недела му беа доставени на Барак Обама и на Доналд Трамп, содржат и наводи дека руски оперативци тврделе дека имаат компромитирачки лични и финансиски податоци за Трамп, објави Си-Ен-Ен.

Тие наводи биле претставени на две страници со извештај за руското хакирање за време на претседателските избори во 2016 година.
ФБИ, покрај истрагата за наводното хакирање, сега ги истражува и кредибилитетот и точноста на овие податоци за компромитирачки лични и финансиски податоци за Трамп.

Дел од тие информации се, наводно, дека специјално за Трамп биле организирани оргии со проститутки на кои имало и сексуален фетиш уринирање по тело за време на сексот.

Други западни медиуми досега немале увид во тие документи, за кои Си-Ен-Ен се повикува на американски официјален претставник кој имал директен пристап до извештајот.
Ваеднаш по оваа информација на Си-ен-ен се огласи новоизбраниот американски претседател: „Лажни вести - целосен политички лов на вештерки“, напиша Трамп на Твитер.
Експресно реагираше и официјална Москва, која соопшти дека нема компромитирачки информации ниту за Трамп, ниту за неговата ривалка Хилари Клинтон.
„Кремљ нема компромитирачки информации за Трамп. Тоа е тотално блефирање, апсолутно фабрикување, целосна бесмислца. Цел на таквите обвувања е да се нанесе што поголема штета на американско-руските односи“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Претходно, ФБИ и официјално ги кажа резултатите од својата истрага за наводното руско хакирање на американските избори во корист на Трамп.
„Руски хакери, кои се обидувале да упаднат во американските претседателски избори, не го хакирале тимот на националната кампања на Доналд Трамп. Русите упаднале во компјутери на кампањата на Трамп на локално ниво и на ниво на држави, но не и на национално ниво.
– Немаме никакви податоци дека кампањата на Трамп е хакирана на национално ниво, изјави Коми.
Руси дошле до податоци на Републиканската партија, но се работи за електронски адреси што веќе не се во употреба. Тие собрале податоци кои се минато и не се објавени, изјави шефот на ФБИ, Џејмс Коми, пред разузнавачкиот одбор на Сенатот.

САД ќе возвратат на руските сајбер напади

САД ќе преземат дополнителни мерки како одговор на тврдењата дека руски хакерски напади влијаеле врз претседателската кампања, а неодамнешните потези се само почеток, изјави американскиот секретар за одбрана Еш Картер.
„Некои реакции се преземени. Разберете го тоа како почеток, а не крај. Одговорот на САД нема да вклучува само контрахакерски напади“, изјави Картер во Пентагон.

Обама проштално: Демократијата е на испит

САД е подобра и посилна држава отколку пред осум години. Нашата демократија е под закана секогаш кога ја прифаќаме здраво за готово. Меѓурасните односи се многу подобри отколку пред 30 години, но се уште не сме таму каде треба да бидеме. САД имаат голем потенцијал, но тој може да биде реализиран само ако демократијата ни е во функција, само ако сите ние независно од која партија сме, го носиме чувството за заедничка цел од која имаме потреба точно во овој момент“, нагласи 44-от претседател на САД Барак Обама, кој за неколку дена ќе ја предаде функцијата на Трамп.
Говорот го заврши со изменета верзија на неговиот стар слоган „Да, ние можеме“ - „Да, го направивме тоа“.

Холивудски актери на „Протест на милион жени“

Десетици холивудски актерки ќе им се приклучат на најавените протести против идниот американски претседател Доналд Трамп, што ќе се одржат во Вашингтон еден ден по неговата инаугурација. Собирот насловен „Протест на милион жени“ е најавен преку Фејсбук уште во ноември. Боб Бланд, една од организаторките, одговорна за Њујорк, се надева дека бројката на демонстрантки ќе биде поголема од 100.000. Меѓу учесниците на протестот ќе бидат: Џулијан Мур, Скарлет Јохансон, Америка Ферера, Еми Шумер, Френсис Мекдорманд, Кејти Пери, Шер, Дебра Месинг, Зендеја...


Текстот е прочитан 1467 пати.
#
Два милиона луѓе на протести против Трамп во САД
16 ученици загинаа во сообраќајка во Италија
Во живо - Инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп
Асад: Турскиот претседател вмешан во шверц на нафта од Сирија
Пронајдени шестмина преживеани под урнатините од хотелот во Италија
Јансен: Трамп ќе му го остави Балканот на Путин
Потрага по преживеани во затрупаниот хотел во Италија, над 30 се водат како исчезнати (Фото)
Русите го хакираа и Шерлок Холмс
Николиќ: Ако треба, и јас и моите синови ќе војуваме на Косово
Терористот од Истанбул призна дека е виновен

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter