Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.01.2017, 13:37

"Бернајс пропаганда" и "Таксират" на фестивалот "Еуросоник" во Холандија

Домашниот бенд "Бернајс пропаганда" и музичкиот фестивал "Таксират" ќе гостуваат на најпрестижниот европски фестивал и конференција "Еуросоник Нордерслаг", кој од вчера се одржува во Гронинген, Холандија.

Фестивалот ќе трае 4 дена, а "Таксират" и "Бернајс пропаганда" се избрани да ја претставуваат Македонија. Македонскиот пост панк бенд ќе се претстави пред европската публика со два настапи, денес и утре, пред повеќе од 4.100 делегати и музички професионалци, 425 медиуми и 42.000 посетители на овој настан, на кој се претставуваат повеќе од 340 уметници и изведувачи. На конференцијата на фестивалот пак се одржуваат повеќе од 175 панел дискусии, предавања, интервјуа и состаноци.
"Бернајс пропаганда" годинава воедно прославува 10 години од својот прв настап, а покрај настапите во Холандија, овој јубилеј групата ќе го одбележи и со објавување на албум и концерти во Скопје кои ќе се одржат на 17 и 18 февруари во МКЦ. "Таксират", пак, на престижниот "Еуросоник" се претставува како еден од 10-те најдобри фестивали во Европа. Кон крајот на 2016 година "Таксират" беше изгласан од страна на милионската фестивалска публика за еден од најдобрите фестивали во рамките на Европски фестивалски награди, најзначајното меѓународно фестивалско признание кое се одржува во рамките на "Еуросоник Нордерслаг". (А.Г.)


Текстот е прочитан 874 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter