Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:32

Здравје и убавина

Јадете паметно и правилно

Општо прифатливото мислење за тоа што е добро да се јаде, а што не, во текот на изминатите години се измени.

 Стручњаците велат - маргарин или путер. Порано се мислеше дека во секоја лажичка путер се крие ризик од срцев удар, па поради тоа ние се завртевме кон маргаринот. Меѓутоа, денешното мислење е оти маргаринот е штетен. 

Порано се веруваше дека јајцата се полни со холестерол, а пак, денес се враќаат од листата на штетни јадења, т.е. холестеролот во нив не може значително да го зголеми холестеролот во крвта.

Што позелено тоа подобро! Долго време се мислеше дека зелената салата е многу здрава, но денес се тврди дека не може да наштети, но оти има нутриционистичка вредност колку и водата.



Која е тајната на црното вино? Тоа е познато и како француски парадокс, Французите јадат многу путер, сирење и други мрсни производи, а имаат најмал процент на срцеви заболувања. Причината за тоа е пиењето на виното. Се препорачуваат две до четири чаши дневно.

Кафе или чај? Кафето го зголемува крвниот притисок и може да предизвика кардиоваскуларни болести, додека чајот не е штетен. Денес стручњаците велат дека од кафето нема да бидеме поздрави, но нема и да ни наштети. Во овој момент вистински хит е зелениот чај, за кој се верува дека има антиканцерогени својства и оти може да го зачува срцето.

Според ваквите истражувања низ текот на годините, се прават и се препорачуваат диетите, односно според позитивните и негативните својства на храната. Најважно, покрај постигнувањето на саканата тежина и намалувањето на килограмите, е да се одржи здравјето во добра форма.


Текстот е прочитан 3138 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter