Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:23

ШВЕЃАНЕЦОТ БИ СЕ ОБИДЕЛ И ВО ХОЛИВУД

Ибрахимовиќ сака да биде новиот Џејмс Бонд

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, по завршувањето на кариерата сака да се испроба како глумец и притоа мерка една од најславните филмски улоги.

За Швеѓанецот последниве денови се шпекулира дека ќе замине во редовите на ЛА Галакси, а тоа како да му ги отвори апетитите за Холивуд. Тој себеси се гледа во улогата на таен агент, односно како новиот Џејмс Бонд.
Оваа идеја Ибрахимовиќ ја откри во интервјуто за "БТ спорт".
- Единствено што не сум направил досега е глумата. Би сакал да играм таен агент, нешто слично како во "Борновиот идентитет". А, можеби, јас ќе бидам новиот Џејмс Бонд. Зошто да не? - вели Ибрахимовиќ во свој стил.
Во интервјуто, тој беше прашан и за споредба со легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона, кој, исто така, е култна личност на "Олд Трафорд".
- Ерик е Ерик, Златан е Златан, јас сум друг пакет. Луѓето ќе го паметат по она што го направил, а мене по тоа што јас сум го направил. Едно нешто што тој го има направено, а јас сè уште не, е глумата. Малку ме копка како би се снашол како актер - рече шведската фудбалска ѕвезда.



Текстот е прочитан 992 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter