Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.12.2016, 20:01

ВО ГРАДСКИ ЅИД

Центар повторно ги чисти подземните гаражи од скапаници

Општинарите апелираат корисниците на гаражите да внимаваат што чуваат во нив и да пријават доколку забележат трупање отпад

Општина Центар ги чисти подземните гаражи во Градски ѕид. Општинските комуналци цела недела вадат отпад поради кој гаражите се неупотребливи.
"Исчистивме веќе голем дел од подземните гаражи. Ова е редовна активност на нашите комуналци. Сè и сешто вадат од гаражите. Од стар мебел до скапан комунален отпад. Навистина е чудна навиката таму да се остава сметот и покрај опасноста да ги заразат сопствените деца. Комуналците работат со маски на лицата оти она со што се справуваат е страшно", велат од Општина Центар.
Повторно најлоша била состојбата во гаражите во близина на Зелен пазар. Жителите ги издаваат под наем гаражите на пазарџиите, па сета стока што им останува завршува во гаражите, макар и скапана.



Општинарите апелираат до жителите да внимаваат што чуваат во гаражите.
"Колку време ќе биде зависи исклучиво од корисниците на гаражите. Ние на истите локации сме организирале многу вонредни акции за чистење, а имаме и нивно редовно одржување, но досегашното искуство покажува дека местата остануваат чисти многу кусо време. Апелираме до граѓаните доколку забележат да се трупа отпад во гаражите или стар мебел и апарати од домаќинство да одземаат простор од гаражите, веднаш да пријават кај нас за да реагираме", велат од Центар.
Ѓубре во гаражите граѓаните може да пријавуваат на телефонот 3203-600 или на официјалната веб-страница на Општината во делот пријави проблем.


Текстот е прочитан 1301 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter