Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2016, 14:08

ПРОЕКТОТ "РЕД КАРНЕВАЛ" Е МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА СВЕТСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2017

Аџиевски со Бонд во Москва оди во Венеција

На една од најголемите светски смотри, која ќе се одржи по 57-ми пат, Венециското биенале на уметноста, македонски претставник за 2017 година е уметникот Томе Аџиевски со делото "Ред карневал", поднесено од Дирекцијата за култура - Скопје, чиј директор е Мирко Стефановски.

На вчерашниот прес, министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска потсети дека Македонија на Биеналето досега е присутна од 1993 година со 9 значајни претставувања.
Таа искажа уверување дека и годинава земјата ќе предизвика интерес зашто проектот на Аџиевски е соодветен одговор на темата на Венециско биенале "Вива арте вива", преку која светски реномираниот куратор Кристин Масел се обидува да ја промовира својата размисла дека во светот полн со конфликти, во кој хуманизмот е сериозно нагризен, а уметноста е најскапоцениот дел од човековото битие.
Куратор на изложбата на Аџиевски е професорот Бранислав Саркањац, а соработник е визуелниот уметник Стефан Шашков.
Министерката рече дека проектот на Аџиевски е оригинален и комплексен. и на ироничен и симболичен начин го поставува прашањето за западната таканаречена беневолентна глобална хегемонија и нејзината деконструкција.



Комисијата беше во состав Викторија Васева - Димеска, историчар на уметноста, проф. м-р Станко Павлески, ликовен уметник. и вонр. проф. м-р Жанета Вангели, ликовен уметник. Васева - Димеска рече дека Аџиевски $ припаѓа на најдобрата генерација уметници во современата македонска уметност, и има запазен континуитет во творештвото. Аџиевски откри дел од проектот и рече дека се состои од објект -кола и од 30-минутно видео кое уште не е снимено. Тој откри дека главен лик во филмот е Џејмс Бонд, како синоним на западниот свет, а дејството се случува во Москва каде што на парадата има и студенти и меншевици, кои носат плакати на руската авангарда. "На штандот ќе ја имаме бондколата, облепена со плакатите", вели Аџиевски, која е кабриолет "БМВ зет 3", а во заднина ќе оди видеото.
Годинава се пријавиле 7 уметници со свои проекти, а тоа се: Жарко Башески, Јасна Богдановска, Марија Павловска, Зоран Поповски, Нада Прља и Пандора Апостолоска - Саздовска. Последните два отпаднеле зашто не ги задоволувале критериумите на конкурсот.
Венециското биенале ќе се отвори на 13 мај, а трае до крајот на ноември. (М.За.)

ФОТО:
Мирко Стефановски, Викторија Васева - Димеска, министерката Канческа - Милевска, Томе Аџиевски и Станко Павлески


Текстот е прочитан 1199 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter