Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.04.2017, 11:47

ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД РУСИЈА ЌЕ ОТВОРАТ ВО ШТИП ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ЗА ЦРТАЊЕ И ЗА ШАХ

Шаховски варијанти за животна стратегија

Петгодишната Тања и шестгодишниот Андреј, кои потекнуваат од Русија, а веќе петта година живеат со родителите во Македонија, се првите посетители на идната шаховска школа што се планира да се отвори од септември во Штип. Нивните родители веќе обезбедиле шаховски маси, табли и часовници и по теркот на познатата руска школа, планираат наесен да го возобноват шахот и да ја популаризираат древната игра во овој град.

Поранешниот шаховски клуб во Штип, кој во минатото бил организатор на многу силни меѓународни турнири, веќе неколку децении е замрен и е во тотална пат позиција.
Иницијативата и целиот проект потекнуваат од Викторија и Игор Егорови, професори на Ликовната академија при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Нивната преокупација е уметноста, но, според руските манири, афинитети и правила, незамисливо е да не си близок со шаховската игра. Тие ја имаат поддршката од сонародничката Маргарита Иванникова, која, исто така, живее неколку години со сопругот Петар во Македонија.
"Нашите замисла и иницијатива му ги образложивме и на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој ни даде целосна поддршка и рече дека има можност да се отстапи една просторија во новиот Мултимедијален центар токму за шаховската игра. Ние сме подготвени волонтерски да формираме и образовен центар за цртање, шах и слично, за деца од претшколска и школска возраст, всушност, за сите останатите возрасни категории, вклучувајќи ги и пензионерите, бидејќи и тие имаат потреба од дневни занимливости и активности", вели професорот Егоров.

Неговата сопруга Викторија објаснува дека во Русија шахот е задолжителен предмет во основното образование, а децата се запознаваат со тајните на шаховската игра уште од најрана возраст. Сонародничката Маргарита додава дека нејзиниот татко бил вработен во армијата, но за да се влезе таму, секој припадник мора да знае да игра шах. Шаховските варијанти ја развиваат воената и воопшто, животната стратегија. Двете Русинки на шега велат дека во нивната земја прво почнуваш да играш шах, а потоа проодуваш.
"Ние сме ликовни уметници, но сметаме дека шахот е најголемата уметност. Шахот го осмислува животот. Шаховските размисли ги развиваат и животните размисли и ја градат животната иднина. Во Русија, секој човек ќе ви каже дека играњето и знаењето шах се најголемата инвестиција за иднината на секое семејство. И ние, врз основа на шаховските варијанти и суштина, донесовме одлука пред шест години да дојдеме во Македонија, откако Русија и Македонија склучија договор за сестрана соработка", вели Игор, кој е роден во Санкт Петербург и кој се запознал со сопругата Валентина, која е од Краснодар, во Москва, каде што студирале и работеле на Универзитетот за ликовна уметност, на отсекот класичен реализам.

Русинката Маргарита и нејзиниот сопруг Петар, кој потекнува од Словенија, исто така, се запознале во Москва. Таа студирала за човечки ресурси, а тој технологија. Како стручњак по технологија, сега работи во фабриката за акумулатори во Пробиштип, но со ќеркичката Тања живеат во изнајмен стан во Штип, исто како и Егорови, кои живеат со синот Андреј како потстанари.
"Оставаме децата да си ги искажат своите афинитети. Воопшто не ги присилуваме да цртаат или да играат шах. Ако сакаат, нека бидат и велемајстори или како нас, уметници или технолози. Најважно е што со шаховската игра најмногу се развива детскиот мозок, а многу е добро да се прави тоа уште од нивната најрана возраст", велат Егорови и Иванникови.

Двете семејства се задоволни од приемот во Македонија. Со пиетет, на чист македонски јазик зборуваат за Македонија, која, за нив, е многу убава земја. Велат, и луѓето се многу добри и од ден на ден стекнуваат нови пријатели. Егорови секојдневно се со студентите на Ликовната академија, каде што веќе студираат четириесетина студенти. Тие дури имаат и македонско државјанство и се категорични во својата животна одлука и во иднина да живеат во Македонија и засекогаш да останат штипјани. Дома, во Русија, одат само за време на летниот распуст за да се видат со родителите, кои веќе неколку пати дошле во Македонија да видат каде и како живеат нивните деца и внучиња.

"Бев пресреќен кога нашите нови сограѓани од Русија мене ме одбраа да ги вежбам нивните деца да играат шах. Почетните шаховски вештини и познавања брзо ги сфатија. За нив, ова е само игра и тие навистина два пати во неделата си играат. Си играат шах и постојано си цртаат нешто во своите тефтерчиња, како сите други деца. Добро е и тоа што се јавуваат иницијативи шахот во Штип повторно да заживее. Повеќемина штипски шаховски ветерани се подготвени да им помогнат на штипските Руси во нивната иницијатива за отворање центар за шах", вели штипскиот шахист Тодор Голомеов.
Иницијативата ја поздравува и младиот штипски шахист Дарко Балов, кој студирал на Спортската академија во Софија, на катедрата за шах, и сега, во Македонија, е единствениот дипломиран тренер по шах. Тој смета дека цел град ќе застане зад реализацијата на оваа најнова иницијатива на Егорови, а најмногу поранешните шахисти, како што се: Панче Захариев кој беше државен првак на Македонија, Благој Гичев кој беше младински првак на поранешна Југославија, и неговиот татко, доктор Лазар Гичев, кој и како пензионер со љубов игра шах, па Дончо Јорданов, познат во Штип како Фишер, и повеќемина други шахисти.

Текст и фото - Тодор Јовановски


600 милиони луѓе во светот играат шах

Според последните официјални податоци, во светот има 600 милиони луѓе што играат шах. Речиси половина од нив играат интензивно, а 7,5 милиони се регистрирани играчи. Само Русија има 14 милиони луѓе што му се посветени на шахот, додека во САД има 4,5 милиони љубители на шаховската игра.
Русија е земја и со најмногу велемајстори и со најмногу светски прваци во шах, како што се Алехин, Спаски, Ботвиник, Карпов, Корчној и од помладата генерација - најновиот вицешампион на светот, Сергеј Карјакин, кој станал најмлад велемајстор на 12 години. Првата жена велемајстор и светски првак е Нона Гаприндашвили, Русинка од Грузија. Титулата велемајстор прв ја вовел рускиот цар Николај Втори во 1838 година, а Светската шаховска федерација ФИДЕ официјално ја вовела оваа титула во 1914 година.
Со титулата велемајстор во светот се стекнале 1 541 шахист, од кои 33 се жени. Русија има најмногу велемајстори, дури 246 шахисти, од кои четири се жени. Македонија има деветмина велемајстори.


Текстот е прочитан 1127 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter