Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 15:42

Ранг-листа на американската фондација "Херитиџ"

Македонија рангирана на 31. место во светот како економски слободна земја

Македонија се искачи на 31. место на индексот на економски слободи на американската фондација "Херитиџ", и влезе во категоријата слободни држави. Извештајот покажува значително искачување на Македонија во рок од една година, од 47. на 31. место, додека оценката е подобрена на 70,7 поени. Земјава е единствена држава од Балканот која се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, во друштво со Германија, Чешка, Австрија и со Ерменија. Во претходните извештаи Македонија беше оценета како умерено слободна држава.

Водечката американска конзервативна фондација "Херитиџ" секоја година ги рангира државите според критериуми кои означуваат слобода на економијата, која е клучна за просперитетот на државата. Извештајот ги оценува државите според четири категории - владеење на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата. Македонија, вообичаено, највисоките оценки ги добива во гарантирањето на слободен пристап до својот пазар и отвореноста за трговија со други држави, даноците и намалувањето на регулаторните пречки за водење бизнис.
Најдобрата оценка во извештајот Македонија ја добива за ниската даночна стапка - 91,9 поени. Оценката за големината на државата и државниот долг, исто така, е над просекот, со посочување дека долгот е на ниво на 38,6 проценти од БДП, а владиното трошење изнесува 32,2 процента.


Текстот е прочитан 809 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter