Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 17:50

НА ПРОДОЛЖЕНИЕТО ОД СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ "ДИВО НАСЕЉЕ"

Еден од обвинетите призна дека помагал на групата, а другиот негира

Кенан Исени, четвртообвинетиот во случајот "Диво насеље" призна пред судот дека $ помагал на групата која со оружје и црни униформи пристигнала во неговата куќа во Куманово на 6 и 7 мај, 2015.

Пред судот Исени тврдеше дека групата со која раководел Анди Красниќи, командант Малишева дошла во неговата куќа во Куманово за да се одмори, а од него побарале да им помогне за транспортот. Сега починатите членови на групата Тургај Гаши и Фатмир Вишесела и обвинетиот командант Малишева му кажале дека причините за доаѓањето на групата од Косово во Македонија било убиството на Харун Алиу и случајот "Монструм". "Во мојата куќа дојде група облечена како нинџи од кои поголемиот дел имаа оружје в раце. Малишева побара да им помогнам. Од Лопате до Куманово пешачевме речиси 7 километри со уште двајца и носевме торби на рамо во кои имаше два шаржери, јакна и облека. Не е лесно 7 километри да носиш калашников во раце. Групата носеше униформи, оружје и секој од нив имаше по една мала торба", рече обвинетиот Исени.



Од 37-темина обвинети во судница Исени рече дека познава само четворица, оти му биле соселани. Откако на групата $ помогнал со торбите, Исени од Куманово се вратил во Отља кога по полноќ полицијата дошла во неговата куќа и го уапсила. "Ако Малишева сакаше, тој ќе направеше 500 војници само во Отља. Како причина за доаѓањето во Македонија ми го спомна и Охридскиот рамковен договор, ама јас од каде да знам што е тоа", рече Исени.
Петтообвинетиот, пак, Фадиљ Фејзулаху кој според Обвинителството бил припадник на групата и од јануари 2015 го прифатил криминалниот план за терористички напад и им обезбедувал логистичка поддршка, негираше вмешаност во тероризам. Тој пред судот рече дека освен обвинетиот Сами Укшини, не познава никој друг, а куќата во Дива населба била на дедо му. Обвинетиот Фејзулаху од Обвинителството побара докази, а од судот два часа за во судница да го донесе сведокот Шабан Јашари чиј исказ претходно беше прочитан во судница и во кој тој до детали раскажал пред Обвинителството за случувањата во кумановската Дива населба пред и за време на терористичките напади на 9 и 10 мај, 2015. Сведокот Јашари, според сознанијата на судот е надвор од Македонија и тој не беше сослушан во судница. Во терористичките напади во Куманово беа убиени 8-мина припадници на МВР. (К.Д.)


Текстот е прочитан 1289 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter