Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:54

СРЕДБА НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ СОУМАЛАИНЕН

Груевски: Состојбата во Македонија е зрела за нови предвремени избори

Состојбата во Република Македонија е зрела за одржување нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Соумалаинен одржана на нејзино барање запрашан во врска со создавање владина коалиција.

Како што соопшти партијата, на средбата на која Груевски бил придружуван од партиските соработници Владимир Ѓорчев, Александар Николоски и Никола Попоски, амбасадорката Суомалаинен го презентирала извештајот за активностите на ОБСЕ во земјатa. - Во однос на политичките односи и ситуација, амбасадорката посочи дека Мисијата на ОБСЕ не зазема страна и не се во позиција да промовираат никакви политички опции претставени преку партиите, се наведува во соопштението.

На прашањето доколку СДСМ формира Влада, дали таа ќе биде прифатлива за партијата, од ВМРО-ДПМНЕ, се посочува, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани.

На забелешката дека постојат држави каде се случува победничката партија да не влезе во владејачката коалиција, беше одговорено, се наведува, дека во изминатите повеќе од десет години одвнатре и однадвор беше постојано потенцирано дека Македонија е многу различен случај, дека не е иста со останатите земји и има една специфика, а тоа е мултиетничноста, и дека во таква ситуација исклучително е важно победникот кај македонските гласачи и победникот кај албанските гласачи секогаш да коалицираат.

- Сега кога ВМРО-ДПМНЕ е победник, и одвнатре и однадвор се заборава тој принцип. Сите треба да знаат дека ако еднаш се прекрши тој принцип, истото ќе стане неповратлив процес. Затоа што не може тој принцип да важи по потреба, само кога на некој друг му одговара, и тоа веќе не е принцип. Доколку сега се отстапи од тој принцип, и свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе оцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави, се посочува во соопштението.

Воедно, било објаснето дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ можеше во некои ситуации самата да формира Влада без дополнителен коалициски партнер или пак да преговара и договори коалиција со друга помала албанска политичка партија со која би постигнала подобар коалиционен договор по сите основи.

Во однос на прашањето околу барањата за промени во делот на употребата на јазиците, како што се наведува, беше одговорено, дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со спроведување на принципот на двојазичност на целата територија на Република Македонија, не затоа што има против албанскиот јазик или Албанците во Македонија, туку затоа што тоа не би било одраз на демографската реалност во Македонија, имајќи го во обѕир бројот на Македонци, Албанци и останати како и географската концетрација на жителите од албанска националност.

На прашањето базирано на ставот на партијата, кога евентуално би можело да се организираат парламентарни избори, како што се наведува, од партијата беше посочено дека од економска гледна точка во смисла на трошоци за изборите, како и другите проблеми кои ги создава секое организирање избори, би било најдобро да се за време на локалните избори, но, се додава, тоа би можело да се дискутира помеѓу партиите доколку има политичка волја, а не страв и одбивање како што, посочуваат, демонстрираше СДСМ.

На средбата, како што стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, заеднички беше констатирано дека ОБСЕ со повеќе проекти во минатото помогна на Македонија.


Текстот е прочитан 1999 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter