Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2017, 14:07

Кире Лазаров со нова објава: Мојот избор секогаш е Македонија !

Тешките времиња служат за тоа да видиме што мислат нашите блиски за нас. Драго ми е што има различни мислења после вчерашниот мој пост, меѓутоа си ветив себеси пред да постирам дека нема да избришам ниту еден коментар, без разлика дали е тој позитивен или негативен, напиша капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров кој денеска повторно се огласи преку неговиот профил на Фејсбук.

Тој истакна дека цврсто стои врз тоа што вчера го објави и дека во ниту еден момент не помислувал да ги брише негативните коментари.
„Не сакав да си создадам лажна слика за состојбата бришејќи ги коментарите што не ми се допаѓаат“, истакнува Лазаров.

Тој нагласува дека секогаш одлуките ги носел сам.

„Во мојата професионална кариера имав многу советници од секаков тип. Доблест е да знаеш да ги сослушаш луѓето и сум им благодарен, но одлуките секогаш ги носев сам. Затоа и сега се одлучив за Македонија“, категоричен е Лазаров.

Додава дека цврсто стои на својот избор.

„Ние сите имаме право да поддржуваме политичка партија, имаме право да навиваме за Барселона или за Реал, да избираме помеѓу Меси и Роналдо, секој си има свој вкус и избор, но кога ќе треба да одбереш помеѓу Македонија и кој било друг, секогаш изборот е Македонија. Нема дилема!“, вели Лазаров.

Вели дека свесно ја одбрал Македонија, иако имал можности да настапува и за друга држава.

„Имав можност во кариерата да настапувам и за друга држава, да се обезбедам материјално за цел живот во време кога на нашата репрезентација не ? цветаа рози, но и тогаш ја одбрав Македонија и не се каам воопшто. Баш напротив, стојам гордо и ја пеам нашата химна во победи, но и во порази. Сега и во нашата држава не цветаат рози, но сепак се одлучувам за Македонија, за Македонија која ја сакам од срце“, вели Лазаров.

Тој на крај додава: Нашата борба за Македонија продолжува. Само храбро и одлучно.

Вчерашниот негов коментар кој го објави на Фејсбук наиде на голем број реакции. Имаше такви што го критикуваа дека е политички обоен со тој негов коментар. Сепак, мнозинството од неговите фанови го поддржаа за јавно изнесениот став во кој нагласи дека треба да се брани Македонија.


Текстот е прочитан 2239 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter