Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 09:52

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ ЗАВРШИ ПОДГОТОВКИТЕ

Уривање на дивоградбата на "Самоилова" следната недела

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, вчера го потпишал барањето до МВР за помош при уривањето, а тоа има рок од 5 работни дена да се изјасни

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, вчера го потпишал барањето до Министерството за внатрешни работи за давање помош за уривање на дивоградбата на аголот од улицата "Самоилова" и булеварот "Никола Карев". Градоначалникот го најави уривањето на објектот на последната седница на Советот на Општина Центар, минатата недела, оти нема одобрение за градење.
"Претходно се завршени барањето за јавна набавка и договорот со фирма што ќе ја урива дивоградбата. За отстранување на дивата градба, сега се чекаат одлуката и одобрението на МВР за асистенција, кое има 5 работни дена за изјаснување", велат од Општина Центар.
Петте дена истекуваат следната недела, кога најрано може да се очекува уривањето.
Овластен градежен инспектор на Општина Центар во декември минатата година го затвори градилиштето за да се стопира градењето на диво. Претходно, кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донел решение за враќање во првобитна состојба, но решението никој не го примил и инвеститорот, кој Општината го води како непознат, продолжил со градбата без неопходната техничка документација.
Овластен градежен инспектор на Општина Центар бил на терен, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и двајцата инспектори констатирале дека се работи за дивоградба.
Неколкупати оставале на објектот покани за инвеститорот да дојде во Општина Центар, но никој не се одзвал.
На објектот веќе се гради вториот кат над земја. И покрај најавите од Општината за уривање, градежните работи не сопираат. На градилиштето секојдневно има работници.


Текстот е прочитан 6439 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter