Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 13:52

МИЛАН ЗАВКОВ СО ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА 17 АПРИЛ ЌЕ ПРОСЛАВИ 40 ГОДИНИ КАРИЕРА

Секогаш може повеќе

Македонскиот виртуоз на хармоника и автор, Милан Завков на 17 април ќе одржи концерт.

Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, со почеток во 20:30 часот, а е по повод неговиот јубилеј, 40 години кариера, богата музичка кариера во која стојат запишани многу албуми и песни, кои ги отпеале познати музички имиња. Дел од нив ќе му бидат и гости, како Ефто Пупиноски, Анастасија Петреска, Виолета Томовска, Милица Кузмановска, Елена Георгиевска, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Ленче и Горан Кукиќ, Ѓоко Јовиќ, Анета Мицевска, Дамјан Стојановски и други. Реномираните музички имиња на концертот ќе настапат со песни, зад кои како композитор е запишан тој. Дел од песните што ќе бидат изведени се "Камен да беше срцето" и "Заиграј со мене" што ги отпеа Виолета Томовска, "Лична Јовано" и "Лазарополе" во изведба на Наум Петрески, "Свири мајсторе" ја отпеа Гоце Арнаудов, "Пат за Стамбол град" од Благица Павловска и други песни. Потоа "Марта Радино оро", "Цацино са са", "Ревиско оро"..., како и многу обработки на кореографии во ансамблот "Танец", бидејки 15 години е дел од овој ансамбл.
- Ова е велигденски концерт за мојот јубилеј од 40 години. И што да кажам после толку години освен дека секогаш може подобро. Секогаш може повеќе. Но, задоволен сум што имам голем опус од околу 150 авторски песни, 40 инструментални ора и над 300 обработки на македонски народни песни - вели Завков.
Концертот ќе биде изведен во живо, придружуван од оркестарот "Зајди, зајди", составен од врвни музичари. (В.М.)


Текстот е прочитан 575 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter