Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 14:22

ИСКУСНИТЕ ТРЕНЕРИ ВО ЕЛЕМЕНТ НА МЕЧОТ МЕЃУ ЧЕЛЗИ И МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Конте и Мурињо од играчка направија плачка

Тренерите на Челзи и на Манчестер јунајтед, Антонио Конте и Жозе Мурињо, се најдоа во центарот на вниманието за време натпреварот од четврт-финалето на ФА-купот.

На мечот што се одигра на "Стемфорд бриџ", каде што славеше тимот од Лондон со 1:0, предводниците на двата тима во еден момент започнаа да се карат и беа на работ од инцидент.
Италијанецот започна да вика: "Играјте поофанзивно, играјте со топката напред!", алудирајќи на дефанзивната постава на тимот од Манчестер. Мурињо во тие моменти ја шутна топката кон Конте, кој бурно реагираше и почна да вика, додека Португалецот смирено го гледаше. Четвртиот судија мораше да интервенира за да спречи целата ситуација да се развие во поголем инцидент.
Иако на почетокот од мечот двајцата тренери уредно се поздравија, на крајот од средбата само се разминаа, притоа не подавајќи си рака. Барем во минатото, овие познати тренери беа добри пријатели и додека Конте беше селектор на Италија, во неколку наврати ги посетуваше тренинзите на тимот од Лондон, кој беше воден од Мурињо.
Во понатамошниот дел од најмасовното натпреварување во Англија ќе патува Челзи благодарение на голот на Нголо Канте во 51. минута. Претходно, "црвените ѓаволи" останаа со играч помалку на теренот откако Андер Ерера доби втор жолт картон.
Во полуфиналето од ФА-купот, на "Вембли" ќе го гледаме лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем, вториот пар, пак, ќе го сочинуваат Арсенал и Манчестер сити.


Текстот е прочитан 825 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter