Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.01.2017, 06:17

Иванови на одбележување на Св. Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата Маја и со синот Иван, вчера присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка. Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф, во сослужение со повеќе свештенослужители.

Митрополитот г. Јосиф ги благослови и прережа кумските колачи со парички, а кои ги одредија кумовите за прославата на празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка во 2018 година. Верниците што ги пронајдоа паричките очекуваат на нивните семејства тоа да им донесе многу здравје, мир и благосостојба. Г. Јосиф им ги честита претстојните божикни празници на сите верници и им посака здравје, среќа и бериќет. Тој изрази благодарност и до претседателот Иванов за неговото присуство на патрониот празник.
"Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Иванов и на неговото семејство што секогаш наоѓа време и секоја година доаѓа овде со нас, заедно да го чествуваме свети Наум Охридски Чудотворец. Потребна ни е вашата поткрепа и поддршка", му порача митрополитот тетовско- гостиварски на македонскиот претседател. За сите верници што присуствуваа на чествувањето на патрониот празник во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше приредена заедничка трпеза.


Текстот е прочитан 714 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter