Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.04.2017, 15:07

ГРОМ: Манифестот го поддржува унитарниот карактер на Република Македонија

Граѓанската опција за Македонија соопшти дека го поддржува неодамна објавениот манифест од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

- Манифестот јасно ја отсликува нашата евроатланска ориентација, бидејќи сметаме дека ги делиме истите вредносни системи со западните држави. Манифестот го поддржува унитарниот карактер на Република Македонија и непроменливоста на Уставот врз основа на дневно политички пазарења. Посебно за нас е прифатлив делот на отстранување странски агенди и осуда на мешање во внатрешните работи на државата од страна на било кои странски влади или нивни претставници, стои во соопштението.

Конечно, посочуваат од партијата, првпат во овој документ се промовира дијалог на власта и опозицијата во рамките на институциите на системот за клучните прашања од национален интерес.

Од ГРОМ наведуваат дека единствена работа за која имаат резерви е прашањето за името и можноста тоа да биде поставено на референдум.

- Ставот на ГРОМ веќе одамна е искажан и јасен: „Ние името ниту сме го добиле на референдум, ниту ќе го смениме на референдум“. Такво право нема ниту една од сегашните или идни генерации граѓани на оваа држава, се вели во соопштението.

Од ГРОМ го поздравуваат духот и граѓанскиот концепт за развој на Република Македонија со истакнување на основните граѓански и човекови права: правото на самоидентификацијата, на религиозна определба, зачувување и промоција на идентитетот и посебностите на сите наши сограѓани: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои се дел од мултикултурализмот во македонското општество.

- ГРОМ го поддржува залагањето државата да продолжи да го подобрува амбиентот за функционална пазарна економија и претприемништво, како главен услов за развој на економијата и услов за создавање побогато општество и индивидуи. ГРОМ и натаму ќе стои зад државните интереси на Македонија и ќе ги поддржува сите активности во таа насока, се додава во соопштението.


Текстот е прочитан 477 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter