Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 14:02

СРПСКАТА АВТОРКА ИСИДОРА БЈЕЛИЦА ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ РОМАН ВО СКОПЈЕ

"Мирисот на небото" треба да не научи на несовршен живот

Српската авторка Исидора Бјелица вчера го промовираше својот нов роман "Мирисот на небото".

Ова е четврто дело на Бјелица преведено на македонски јазик, кое го издава "Просветно дело". Главен лајтмотив на оваа приказна е извадок од Библијата, изреката: "Моите мисли не се твои мисли". Според Татјана Димовска-Атанасова од "Просветно дело," ова е најзрелиот и најзабавен роман на Бјелица.
"Сите ние во својот живот трагаме по совршеното: совршена љубов, совршен изглед, совршена килажа. Ова е приказна што треба да нè научи на несовршена љубов, да се сакаме себеси и сите околу нас на несовршен начин", изјави Бјелица на промоцијата во киното "Синеплекс".
Таа го нарече својот роман упатство за лабави нерви.
"Велат дека ракот е болест што ја добиваат луѓе опседнати со совршената љубов. Таква бев и јас", прозборе Бјелица за болеста со која се бори.



"Откако излезе 'Мирисот на небото', ми приоѓаат и ми пишуваат луѓе од сите краеви на светот. Некои од нив дури ми велат дека со книгата сум им го спасила животот, а претходно помислувале да си го одземат. Еден читател ми рече: 'Вашата книга е подобра од чоколадо, само што не дебелее", раскажа Бјелица, која има околу 250 000 следбеници на социјалната мрежа Твитер, а на Фејсбук - десет илјади повеќе. Таа додаде дека секогаш наоѓа време да се допишува со своите читатели, но и да се среќава и да ги слушне нивните мислења.
Во книгата, добрата пријателка В. ја води Исидора во Ница да се одмори од многуте терапии и да го прослави роденденот. Бјелица уште првиот ден оди на шопинг, во продавницата на Коко Шанел и ја здогледува неа, женскиот лик што ќе ја поведе на духовно патување за самооткривање, кое ќе $ донесе љубов и емотивно олеснување.
На крајот од промоцијата, Исидора раскажа дел од новата книга што ја подготвува.
"Тоа ќе биде љубовна приказна што се базира врз научни достигнувања", и додаде дека својата голема страст, шапките, сака да ја сподели и со македонската публика.
"Имав ревија на шапки насекаде низ светот, би сакала тоа да се случи и во Скопје. Шапките се мојата ВИП-ложа" рече авторката.

М. Џаровска
Фото Б. Грданоски 


Текстот е прочитан 938 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter