Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.03.2017, 18:32

НЕМА БАРИЕРИ МЕЃУ НАРОДОТ И СОБРАНИЕТО: Црвено-жолти ленти на оградата пред законодавниот дом (ФОТО)

Наместо протестен марш, денеска се одржа народен собир во паркот „Жена борец“, каде приврзаниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ и голем број граѓани дојдоа со своите семејства на музички хепенинг.

Да нема повеќе огради меѓу народот и Македонското собрание е симболиката на црвено-жолтите ленти кои беа поставени на металната ограда пред законодавниот дом. Лентите лично ги поставуваа основачите на иницијативата За заедничка Македонија, кои истакнаа дека заедништвото треба да биде на сите нивоа, вклучувајќи го односот меѓу граѓанинот и државните институции.

Наместо протестен марш, денеска се одржа народен собир во паркот „Жена борец“, каде приврзаниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ и голем број граѓани дојдоа со своите семејства на музички хепенинг. Настапија повеќе домашни музичари, а како и во минатите денови беа испратени пораки за зачувување на унитарноста на државата.

- Остануваме на нашите барања, а тие се да се почитува унитарноста на државата, политичките партии да не прифаќаат платформа направена надвор од Македонија, туку да направат македонска платформа со која ќе се штитат интересите на нашата држава - рече Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој истакна дека и во текот на утрешниот ден ќе имаат собир, а дека протестните маршеви ќе продолжат од понеделник со уште поголем интензитет.

За време на собирот во паркот многумина не можеа да одолеат на звуците од македонските патриотски песни, па се равиори и оро во паркот. Луѓето кои беа дојдени врзаа на себе шамии со црвено-жолта боја, кои се белег на протестите и собирите што ги организира иницијативата „За заедничка Македонија“.



Текстот е прочитан 914 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter