Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2017, 14:42

СЕМЕЈСТВОТО ЦРНОКРАК УЖИВА ВО ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ

Со скијањето полниме батерии за цела година

Планините, снегот и скијањето се неодминливи и задолжителни секоја зима во семејството Црнокрак.

"Скијањето навистина сите го обожаваме и секој слободен ден сме во некој од нашите ски-центри и тоа навистина ни претставува најубав начин за бегство од градот, стресот, вревата, издувен вентил, но и огромно задоволство и полнење батерии за наредните работни предизвици", вели модниот менаџер и сопственик на модно студио Мики Црнокрак.
Скијањето и планините се нивна голема љубов. Затоа, тој и сопругата Светлана со големо задоволство ја прифатиле поканата на Елена Стефановска од емисијата "Живот со стил" минатата недела да бидат дел од екипата на оваа емисија во Банско, во еден од најдобрите ски-центри во регионов.
"Поминавме 4 прекрасни дена во хотелот "Премиер луксор" во Банско. Имаше и снимање и скијање секако, но и убави моменти во прекрасниот СПА-центар во хотелот, како и забава во вечерните часови во Банско. Секако дека најмногу време поминавме на снег и на скии, имаше и прекрасни сончеви денови, но и денови кога врнеше многу снег, но и едните и другите си имаат своја убавина кога скијањето е во прашање", раскажува Мики.
Патувањето во Банско беше само вовед во оваа зима, но сигурен е во долгата ски-сезона, со оглед на тоа колку снег веќе има наврнато.



"Јас веќе скијав во декември и на почетокот на јануари на Копаоник, на Брезовица и секако во Маврово. Следат 7-8 дена во Боровец, каде ќе одиме сите заедно, значи со нашите две ќерки, Моника (18) и Нина (5). Моника веќе многу добро скија, но и Нина која уште минатата година, кога имаше 4 години, веќе ги совлада основите на скијањето, но не само тоа, веќе може да се спушта со нас и на пострмните и на подолгите ски-патеки", вели Црнокрак.
Како семејство, кога можат врзуваат по неколку денови, одат на скијање и во странство и во нивната омилена зимска туристичка дестинација Боровец, Бугарија.
"Во овој центар одиме некогаш и по 3-4 пати годишно, од неколку причини: блиску е, се стига само за неколку часа, природата е фантастична, патеките се во борова шума, пријатели сме со сопствениците на едно хотелче кое се наоѓа на самата патека и кај нив можеме да резервираме буквално од денес за утре, а и најубави се условите за фамилии со мали деца...", објаснува Мики.
Сè уште сака предизвици и често знае и сам да отиде на скијање.
"За да можам да се препуштам малку и на поекстремниот начин на скијање, на многу стрмни патеки, но и на спуст патеки на кои брзината е често и преку 100-120 км на час. Неостварена желба ми е барем еднаш да се спуштам по најпознатата спуст патека на светот, во Кицбил, Австрија", ја заврши зимската приказна Мики.

Л. Сабит


Текстот е прочитан 3327 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter