Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.02.2017, 12:45

Гости на меч од ЛШ: Најмладите вардарци како страсни, а срамежливи фанови

Играат во Вардар јуниор лигата и се надеваат дека еден ден локалните спортски сали ќе ги заменат со убавиот „Герфлор" под каков што има во СЦ „Јане Сандански".

Сите дечиња членови на Ракометната Академија Вардар имаат можност да бидат и гости на некој натпревар, од лигата на шампионите или СЕХА лигата, да ги гледаат во живо своите идоли, а по завршувањето на натпреварот и да добијат автограм, да направат селфи или да ги гушнат играчите за кои страсно навиваа во текот на натпреварот.

Децата од ракометната школа Гостивар Вардар викендов му донесоа среќа на Вардар, кој победи со 25-20 против ППД Загреб, а уште посреќни беа дечињата кога се симнаа на теренот лично да им честитаат на играчите, а добија и гушки и фотографии за спомен.

Над 40 –тина девојчиња и момчиња од Гостивар, беа дел од поголемата група гости од Ракометната Академија Вардар, заедно со децата од Урдаревски Вардар, Кисела Вода Вардар, Виница Вардар, Кастратовиќ Вардар, Ново Лисиче Вардар и Илинден Вардар. Сите беа подеднакво страствени навивачи како што со љубов тренираат ракомет и напорно се подготвуваат за следните предизвици во Вардар јуниор лигата, што наскоро треба да продолжи со пролетните возбудувања.

Заморот по извојуваната победа против хрватскиот тим не ги спречи вардарци да се фотографираат со децата. Оние што на моменти збунето се вкочануваа во дилема со кого прво да се сликаат, брзо се опуштија, а оние поснадливите веќе ја користеа секоја можност и да ги гушнат своите омилени вардарци.



За гостиварци ова беше голем подарок, ем да го следат натпреварот во живо, ем да можат да дојдат и блиску до ракометарите.
И Ерлис Селмани и Јована Дабевска ја искористија можноста да направат по некое селфи со идолите од Вардар.

    „Се сликав со најомилените играчи Игор Карачиќ и Тимур Дибиров. Тие се моите идоли и среќен сум што откако навивав за нив имав можност и да се сликам со нив. Често гледам натпревари на Вардар и досега сум присуствувал на повеќе, но ова ми е прв вардаров меч годинава. Ги гледаме сите нивни игри, потези. Сакаме нешто и да украдеме. Возбудени сме но и подеднакво среќни за можноста што ни се укажа. Верувам повторно ќе се сретнеме на некој наш натпревар од Вардар јуниор лигата, барем во финалето", вели Ерлис.

Јована Дабевска, пак, ракомет почнала да тренира пред неколку месеци.

    „Не можам да издвојам еден омилен играч, сите се одлични и прекрасно е чувството да се застане до нив и им се честита победата. Додека, од голманите идол ми е Петре Ангелов. Ова ми е прв ракометен натпревар на Вардар, среќна сум дека победија, а сега секогаш и ќе го памтам овој триумф на Вардар", вели Јована.

Сите членови на нашите регионални единици, како дел од Ракометната академија Вардар, се добредојдени бесплатно да ги следат натпреварите на првите тимови од домашните првенства, од СЕХА лигата на мажите и од Лигата на шампиони на жените.


Текстот е прочитан 548 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter